Подморниците на Северната флота работеа на нови начини за примена на подводното оружје, се вели во соопштението на прес-службата на СФ кое го пренесува „Лента.ру“.
Флотата работеше на проучување на различни аспекти на борбена примена на подморници во длабоко во Арктичкиот круг, вклучувајќи торпедно гаѓање, положување мини, потрага и уништување на противнички подморници и електронско војување.
Според претставникот на СФ, капетан прва класа Вадим Серга, на пример, екипажите на подморниците се обучувале како со помош на торпеда да се пробиваат дупки во мразот за испловување на површина, како и да го применуваат ракетното оружје длабоко во Арктичкиот круг.
На 25 февруари министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека ВС РФ се способни да ги заштит државните интереси во Арктикот со вооружена борба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче