Путин и Обама разговараа во кулоарите на самитот АТЕС во Пекинг

Засега нема информации за содржината на нивниот разговор.

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама се сретнаа и разговараа во кулоарите на самитот на Азиско-тихоокеанската економска соработка, пренесува „Интерфакс“.

Како што се пренесува, Путин и Обама поразговарале еден со друг чекајќи да бидат фотографирани заедно со другите учесници на самитот.

Разговорот на лидерите на Русија и САД траел не повеќе од пет минути. Обама прв го поздравил Путин, по што започнале разговор.

Како што пренесува портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, засега нема информации за разговорот меѓу нив. 

Повеќе околу темата: 

Самитот на АТЕС ќе за зацврсне врската помеѓу Русија и Кина

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња