Човекот што одби да му пее на Сталин

Извор: Наталија Михајленко

Извор: Наталија Михајленко

Иван Козловски (1900 – 1993) – солист на Бољшој театар, легендарен оперски пејач, тенор. Ги пееше ариите на Ленски во Егениј Онегин, блажениот во Борис Годунов, царот Берендеј во Снежанка. Сè на сè 50 класични партии.

Популарноста на Козловски во четириесеттите години од минатиот век не била ништо помала одошто оние на денешните поп и рок ѕвезди. Обожавателките на Козловски ги нарекувале козловистици. А, обожавателките на творештвото на Лемешев, друг познат тенорот, лемешевистици. Тоа, по правило, биле девојки од сиромашни семејства, од комуналните станови. И тие биле луди по оперскиот пејач. Во него го гледале најубавото што може да постои во животот. Тоа била љубов за цел живот. 

Обожавателките ги дочекувале пејачите на улица покрај куќата, се обидувале да влезат во нивните гардероби. Не пропуштале ниту еден концерт, ниту една претстава. И од време на време ги искажувале своите чувства. Понекогаш сево ова завршувало и со тепачки. Поради „неправилен“ идол човек можел да добие ќотек. Некои дури и извршувале самоубиство поради невозвратената љубов од страна на ѕвездите. Сè е исто како и денес во шоу-бизнисот. Денес, кога оперскиот пејач повеќе не е меѓу нас, оние козловистици и лемешевистици кои сè уште се живи одат на Новодевичјите гробишта. 

)

Било измерено дека јачината на гласот на Козловски била до 150 децибели! А, притоа звучел неверојатно нежно, меко и убаво. Кога пеел Козловски, се слушал секој збор. Тој имал мошне јасна дикција, како старите глумци во царските театри. Таа школа потоа исчезна од оперите. Денешните пејачи имаат силни гласови, но често и каша во грлото. А, Козловски не се чувствувал само како пејач, туку и како глумец во театар. 

Секоја своја партија ја играл онака како што се глуми во театар. Ако сметал дека поради изразноста треба да растегне некоја нота уште подолго одошто тоа го пишува во партитурата, тој тоа го правел. И музичарите морале да се ускладат со него. А, во Фауст еднаш дури и одиграл балетска партија. 

Исидора Данкан: танц со Русите
Познатата американска танчарка Исидора Данкан (1877-1927) имала многу руски работи во себе.

Бил мошне затворен човек. И се однесувал со големо достоинство. Тој се лутел, на публиката, на власта. Претходно се образувал во семинарија и многу ги сакал духовните песни, божиќните украински песни. Но, не му дозволувале да ги изведува. А, кога на крајот снимил плоча со божиќни песни, ги уништиле објавените примероци. Украинските кагебеовци го исмејувале, со чевли ги кршеле неговите плочи. 

Но, тоа се случило подоцна, во шеесеттите години од минатиот век. А, за време на Сталин тој бил дворски пејач. Една вечер го повикале во Кремљ на банкет. Сталин сакал да го слушне грузинскиот народен хит „Сулико“. Козловски рекол дека не може да пее, дека го боли грлото и дека се плаши оти ќе го изгуби гласот. „Во ред“, добродушно одговорил Сталин, „нека си го чува другарот Козловски својот глас. Нека нè слуша мене и Берија како ќе ја отпееме. Дојди, Лаврентиј, да запееме!“ Сталин и Берија застанале еден до друг и ја отпеале „Сулико“ за Козловски. И тоа прилично добро. 

Неговото аристократство се чувствувало во сè. Гледајќи го Козловски, советските граѓани научиле да носат фрак. Како и секоја друга ѕвезда, тој се грижел за своето здравје. Постојано играл тенис, одбојка. До 75 години се вртел на гимнастички обрачи. Секоја вечер одел во Конзерваториумот – на една од фотелјите во директорската ложа во Големата сала имало табличка, „Тука слушаше музика големиот руски пејач Иван Семјонович Козловски“. Но, и тоа го навредило. Бил ѕвезда и се чувствувал како ѕвезда. А, му велеле: тоа не може, она не може. А, зарем за една ѕвезда може да постои „не може“?

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.