Во текот на трката во „Формула 1“ во Сочи, од еден болид отпадна парче од задниот дел и остана на пистата: веднаш притрча едно лице од техничкото обезбедување, го крена парчето и се врати на своето место, а еден миг по него пролета болид на „Ферари“.
Рускиот стјуард навистина ја спаси трката на Фетел, кој во спротивен случај немаше да избегне да остане без гума.
Фотографиите со „многу храбриот Русин“ веднаш беа објавени на Интернет и на официјалниот Твитер-профил на „Формула 1“.
Себастијан Фетел ја заврши трката на второто место, зад возачот на „Мерцедес“ Луис Хамилтон. Трет беше пилотот на „Форс Индија“ Серхио Перес. Наградите на победниците во неделата им ги врачи претседателот на Русија Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче