Исидора Данкан: танц со Русите

Извор: Наталија Михајленко

Извор: Наталија Михајленко

Познатата американска танчарка Исидора Данкан (1877-1927) имала многу руски работи во себе. И не само поради нејзината романтична врска која ја знае целиот свет, ниту поради тоа што мошне често престојувала во советска Русија и танцувала за револуционерните морнари, туку поради тоа што го истанцувала сиот свој живот – решително, непромислено, силовито. А, тоа е токму на руски начин.

Гледајќи ја Исидора, ниту на најголемиот мечтател не би му паднало на ум дека таа е танчарка. Таа била прилично полничка жена, воопшто немала конституција на балерина. Не можела да стои на врвовите од прстите. Но, затоа нејзината грациозност на движењата небаре била „симната“ од некој антички барелјеф. Ова не е случајност. Исидора педантно ги изучувала грчките и италијанските танци. Била до апсурдност зависна од Грција. Но, замислете: Европа на крајот на деветнаесеттиот век. Дотерани госпоѓи и господа во цилиндари се поклонуваат еден на друг на оддалеченост од 50 метри. Кога допатувала во Грција и се прошетала низ улиците на Атина, за малку ќе ја одвеле во полиција. 

Марк Шагал: Во трка со катастрофите
Големиот Шагал е еврејски, француски, американски уметник. Но, и руски, со оглед на тоа дека се родил на територијата на Руската Империја.

Не ја канеле само во театар, туку и на монденски приеми. На Исидора слава ѝ донело тоа што настапувала разголена. За неа тоа било симбол на ослободување од конвенциите. Да се отфрли од себе облеката, враќање кон природната состојба... Но, малкумина ја сфаќале таа концепција. Мнозинството било уверено дека пред нив се одвива стриптиз. Интересно е што нејзина најпозната следбеничка била легендарната шпионка Мата Хари. Таа станала танчарка бидејќи била воодушевена од танците на Исидора Данкан. Секако, играла гола. Кога не се занимавала со шпионажа, имитирала малајски и индиски танци. Но, од денешно гледиште, тоа бил стриптиз во својот чист вид. 

Не може да се каже дека Исидора свесно сакала да шокира. Едноставно ја совладувале емоциите. Духовното и телесното во свеста на гледачот од тоа време биле строго одвоени. Уметноста била уметност, а сексот бил секс. Но, во свеста на Исидора тие биле нераздвојни. 

Врубељ: раздолжување за демонизмот
Ликовниот уметник Михаил Александрович Врубељ (1856-1910), автор на ремек-делата „Демон“ и „Принцезата-Лебед“ е една од најтрагичните фигури во руското сликарство.

Карактеристична е нејзината врска со Станиславски, Восхитена од неговите парчиња, по претставата отишла зад сцената и на Константин Сергеевич му рекла дека сака да танцува гола. Станиславски бил рамнодушен. „Веројатно тоа би било интересно“, рекол тој. „Секако ќе погледнам“, и додал „Заедно со мојата сопруга Машенка!“ 

За разлика од неа, Станиславски не бил екстремен човек, човек со непромислени одлуки. И културната традиција што стоела зад него, била прилично урамнотежена, одмерена, трезвена. Сета таа приказна која зад себе можела да повлече цела драма, завршила само како анегдота. 

Данкан и Есенин 

Вистинска драма ја чекала Исидора подоцна, дури по револуцијата, кога во Москва отворила школа за современ танц и почнала да настапува во претстави. За време на една претстава се запознала и со Сергеј Есенин. Исидора ја играла Интернационалата. Тешко е да се замисли како работниците реагирале на тоа. Веројатно биле многу зачудени. И како не би биле: полугола млада жена скока по сцената, мавтајќи со црвен шал. Што би можело да значи тоа? Но, таа вечер присутен бил човекот кој реагирал токму онака како што требало. Поетот Сергеј Есенин веднаш знаел дека мора нешто да се направи. Нешто мошне впечатливо, нешто со израз. Гласно опцул и им рекол на сите „Марш надвор“ и одиграл пред Исидора некаков див, грд, но многу страстен танц. Потоа паднал на колена. Исидора го погалила по косата и му рекла „Ангелу!“ Го погледнала во очи и му рекла „Ѓаволу!“ Така ја започнале нивната љубов. 

Дваесетте книги од руски писатели кои светот најмногу ги сака
„Руска реч“ ги претставува интересните факти за книгите на руските писатели кои оставиле најголем впечаток во светот и инспирирале голем број филмови и различни други обработки.

Вистинско прашање е како се разбирале. Таа речиси не знаела нити збор на руски. Тој, пак, не знаел англиски. Нема сомнеж дека таа не ги знаеле неговите стихови. Но, Есенин, како и самата Исидора, не го одвојувал животот од поезијата. Поезијата била негов живот, онака како што танцот бил нејзин живот. 

По свадбата го сменила презимето во Данкан-Есенин. Во семејниот круг тој ја нарекувал Исидора Дуњка, а таа Есенин го викала Сергеј Александрович, значи, со израз на почит. Сè одело како по масло. Дури и настапувале заедно. Таа танцувала, а тој рецитирал. 

Потоа Исидора го однела во Европа, во Америка, во големиот свет. Таму никој не го знаел Есенин кој поради тоа не се чувствувал удобно. Почнал да пие. Облеката на Исидора им ја делел на сиромасите, правел скандали во рестораните. Кога весниците почнале да пишуваат дека дошла Исидора со својот млад маж, Есенин бил толку лут што ја гаѓал со чевел. Кога веќе не можела да го издржи неговото однесување, Исидора самата отпатувала во Париз. „Губи се, стара вештерко!“, ѝ рекол Есенин. По неколку недели ѝ испратил телеграма: Сакам друга жена, оженет сум и среќен. Секако, не бил среќен. Тоа било лага. Личниот живот не му одел како што треба. Есенин сè повеќе пиел, разговарал со Црниот човек, ѓаволот кој живеел во неговата вообразба, и кој станувал се полуд. 

Набргу по нивната разделба тој се самоубил. Животот што го водел не можел да заврши никако поинаку. Само трагично. Сите го знаеле тоа. 

Исидора живеела уште две години по него. Последниот танец го одиграла во Ница. Седела во автомобил, завиена со својот познат црвен шал околу вратот. Истиот оној со кој играла пред Есенин. Рекла: Збогум, пријатели, одам кон славата! Автомобилот тргнал, шалот се заплеткал околу тркалата и ја задавил. Ако можеме да веруваме на тврдењето на Исидора дека таа почнала да танцува уште во утробата на мајка си, тогаш можеме да кажеме дека танцувала сиот свој живот. Од почетокот до крајот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња