Путин на твојот фрижидер

Извор: PhotoXpress

Извор: PhotoXpress

Портрети на рускиот претседател Владимир Путин има во канцелариите на државните службеници од различни рангови низ целата земја. Но, неговиот лик може да се најде и на различни производи за широка потрошувачка во Русија и во странство, а наскоро ќе можеме да го видиме и во видео игра.

И зомбите не се плеткаат со него

Во играта „You Don’t Mess With Putin“ („Не плеткај се до Путин“), која е наменета како за компјутери, така и за смартфони, рускиот претседател истапува како главен лик кој се бори со орди зомби. 

„Дојдов до идејата за една ваква игра поврзана со Путин откако сфатив дека тој е личноста која во светот е најблиску до суперхерој“, вели креаторот на оваа игра, Белгиецот Мишел Роко Смитс. „Си замислив дека ако навистина се случи инвазија на зомби, единствено Путин би можел да нè спаси“. 

Во играта, која претендира да стане пародија на „Call Of Duty Black Ops: Zombies“, постои уште еден руски лик, Николај Белински, и еден Американец, Тенк Демпси, кои постојано се караат. 

Онлајн-продавниците надвор од Русија исто така нудат производи со Путин. И, иако во основа се работи за шолји за млеко и за маички, некои од дизајнерите се многу имагинативни.

„Јас сум голем фан на личноста на Путин и сигурно би гласал за него доколку тоа можеше да се направи во мојата земја“, вели Смитс. „Мојата таргет-публика се момчињата од 15 до 30 години, но би сакал сите оние кои имаат добар смартфон или компјутер да можат да ја играат, па затоа правам многу работи за да се осигурам дека сè ќе тече добро, дури и на послаб хардвер со цел играта да стигне до колку што е можно повеќе луѓе“. 

Според Смитс, било планирано играта да биде пуштена преку Apple App Store и Google Play пред неколку месеци, но креаторот не бил задоволен од квалитетот и сакал да создаде „посериозна игра со висок квалитет и со потенцијал за франшиза, а за тоа едноставно е потребно време“. 

Но, како што се наближува Олимпијадата во Сочи креаторот на играта е заинтересиран да го капитализира својот проект на овој меѓународен спортски настан. 

„Пред започнувањето на Олимпијадата во Русија, би сакал да издадам нешто, што било, дури и официјален трејлер“, изјави тој. 

Патем, минатата година Смитс издаде уште една игра „Run Snowden Run“ („Бегај, Сноуден, бегај“), во која главниот лик е Едвард Сноуден, а епизодна улога има Путин.

Путин за бокал

Руските продавници за подароци нудат еден куп стока која е поврзана со Владимир Путин, од магнети до фигуринки, па дури и бокали. 

„Ова не се сувенири од масовно производство“, изјавува за Руска реч на македонски гласноговорникот на компанијата „Професионаљние сувенири“. „Ова е она што државните службеници обично го купуваат“.  

Според Смитс, било планирано играта да биде пуштена преку Apple App Store и Google Play пред неколку месеци, но креаторот не бил задоволен од квалитетот и сакал да создаде „посериозна игра со висок квалитет и со потенцијал за франшиза, а за тоа едноставно е потребно време“. 

Тој додаде дека магнетите за фрижидер со ликот на рускиот претседател, кои чинат 2.5 американски долари, не се популарни и оти најверојатно ќе престанат со нивна продажба. 

Меѓу стоката што ја нуди оваа компанија е и „Најновата историја на Руската Федерација“ – кутија во облик на книга, во која има бокал со карикатура на Путин и три мали чаши во боите на руското национално знаме. Овој сет чини 40 американски долари. 

Една друга локална компанија нуди ласерски изгравиран 3Д портрет на Путин на стакло, а истиот се смета за „ВИП подарок на топ-менаџери, раководители и политичари“. 

До неодамна, една руска онлајн продавница беше насочена кон фигуринки, при што се нудеа фигури од 12 сантиметри на Путин во облека за борење. Направени од шпанското студио за дизајн „Лео Кири“ од калај и полистон, оваа „елитна фигуринка“ се нудеше за 1.820 американски долари, а во описот се велеше дека се направени осум вакви примероци. 

Сепак, откако нашата редакција тргна по повеќе информации, описот на веб-страницата беше изменет. И беше напишано дека фигуринката повеќе не се продава. Лицето за контакт на Интернет-продавницата за нашата редакција изјави дека всушност биле направени две вакви фигуринки, едната била испратена во администрацијата на претседателот како подарок, а другата останала во дизајнерското студио. 

Онлајн-продавниците надвор од Русија исто така нудат производи со Путин. И, иако во основа се работи за шолји за млеко и за маички, некои од дизајнерите се многу имагинативни. 

Една маичка, која се продава за 23.79 американски долари, претставува пародија на логото на KFC со портрет на Путин. KFC е заменето со KGB и ставен е слоганот „Putin Flavor First“.

Друга, пак, која чини 15.95 американски долари, и очигледно е на пазарот веќе подолго време, содржи портрет на рускиот претседател и слоган „Putin 2012 for USA President“ („Путин 2012 за претседател на САД“).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња