Медиуми: Грузија се свртува кон Русија

Грузија, поради забавувањето на процесот на евроинтеграција, се врти кон Русија, без оглед на недоразбирањата од минатото, смета новинарот Мајкл Бернбаум во статија за „Вашингтон Пост“.

Грузија, поради забавувањето на процесот на евроинтеграција, се врти кон Русија, без оглед на недоразбирањата од минатото, смета новинарот Мајкл Бернбаум во статија за „Вашингтон  Пост“.

„Многумина претпоставуваа дека во оваа прозападна земја, која преживеа краток воен конфликт со Русија во 2008 година, Кремљ ќе успее повторно да си најде потпора. Меѓутоа, додека Западот ја занемарува Грузија кога станува збор за нејзиниот прием во ЕУ и НАТО, проруското расположение во неа расте“, се вели во текстот на статијата.

Бернбаум обрнува внимание на тоа дека неодамна во републиката беа отворени претставништва на руски државни медиуми кои објавуваат материјали на грузиски јазик. Освен тоа, Москва „ги зголеми инвестициите во енергетската индустрија и другите клучни сектори (на економијата на Грузија). „Поранешни советски политичари предупредуваат дека Русија може да се здобие со предност доколку Грузија биде исклучена од западните клубови“, истакнува тој, а пренесува ТАСС.

Авторот потсетува дека во мај лидерите на ЕУ не разговараа за перспективите на зачленувањето на Украина, Грузија и Молдавија во ЕУ. Згора на тоа, беа одложени плановите за олеснување на визниот режим за Грузија. „Претпазливоста на ЕУ е условена од желбата да не се испровоцира Русија на одговор, велат дипломатите што учествувале во дискусиите за разговорите“, констатира новинарот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња