13 најдобри стории во 2013 година

Заедно со вас ние ја избираме најдобрата сторија за 2013 година. Сите ваши гласови и коментари ни се многу важни и ни помaгаат за понатамошно усовршување на „Руска реч на македонски„. Воедно проверeте се и себеси – можеби сте пропуштиле некој текст кој бил мошне популарен кај другите наши читатели.

  • Су-35 – машина што воодушевува и плашиДемонстрацијата на најновиот руски ловец Су-35С на аеромитингот Paris Air Show 2013 во западните медиуми е прикажан како сензација. Првото претставување на оваа борбена машина надвор од границите на Русија ја воодушеви публиката со низата акробатски фигури што другите борбени авиони не можат да ги изведат. Уште еднаш се покажа дека Сухој и понатаму е еден од најдобрите ловечки авиони на светот.
  • Викторија Лоба: сјајната руска ѕвезда на македонската сцена. Дали знаевте дека една од најпопуларните пеачки на македонската поп-сцена е родена токму во Русија? Во ексклузивното интервју за „Руска реч“ Викторија Лоба говори за своите руски корени, за врските со „великата татковина“, како и за одлуката засекогаш да се пресели во Македонија.
  • Научници ја открија тајната на метеоритот од Челјабинск. Еден месец по паѓањето ма метеоритот во околината на Челјабинск, кој направи голема врева во вистинска и во преносна смисла, руските научници ја пресметаа неговата тежина, а исто така и ја определија неговата старост.
  • Семејство со 16 деца. Во семејството Соловеј (Славеј) има 16 деца, нешто сосема необично за модерното руско општество. Пред 7 години семејството се преселило од Москва во едно околно село.
  • Најновиот руски истребувач Т-50 е подготвен за лет. На саемот за воздухопловна техника во францускиот град Бурже беше објавено дека е завршена изработката на моторот за перспективниот комплекс на фронтовска авијација (ПАК ФА) или, како што уште го нарекуваат, ловец-пресретнувач Т-50. 
  • Нови „Алигатори“ во воздухот. Јужниот воен округ (ЈВО) добива над десет борбени хеликоптери Ка-52 „Алигатор“, а првата тура беше доставена минатиот месец. 
  • Ќе падне ли Ајфон на колена пред рускиот Јотафон? Рускиот Јотафон триумфираше на американскиот саем за потрошувачка електроника. Таму моделот кој има функција на мобилен телефон и електронска книга доби високи оценки. Меѓу другото стручњаците предупредуваат дека Јотафон ќе мора да се бори за своето место на пазарот со гигантите како што се Епл, Самсунг и Ха-Те-Це. Конкуренцијата воопшто не е лесна. 
  • Светската премиера на воениот авион Су-35. На 5 април во Москва беше одржана прес-конференција посветена на 50 Меѓународен париски автосалон Бурже, кој годинава ќе се одржи од 17 до 23 јуни. Деталите за руската програма на Салонот е објавена во „Руска реч на македонски“. 
  • Каде Русите ги кријат своите ракети? Мобилниот модуларен ракетен систем CLUB-K, кој нема свој аналог во светот, претставува пресвртница во производството на најмодерно одбранбено вооружување. Секој комерцијален контејнерски брод од системот CLUB-K станува ракетен носач со невидена сила.
  • Зошто Русите не сакаат да се поздравуваат. Веројатно често се обрнувале внимание на тоа како луѓето во Русија се поздравуваат чудно. Се чини дека постои цела теорија и практика на поздравување: како да се поздравите, со кого да се поздравите, и она што е најважно, - со кого да не се поздравите. На мојот кат, да кажеме, соседите никогаш не се поздравуваат.
  • Мистеријата за страшната смрт на групата на Дјатлов. Деветмина млади излетници во 1959 година загинаа во снежните беспаќе на Северен Урал под мистериозни околности од кои крвта замира во вените. Нивната смрт никогаш не беше разјаснета. По отворањето на документите на стариот предмет во деведесеттите години од минатиот век, мистеријата уште повеќе се продлабочи. А, сега, стигнува и холивудски филм за неа.
  • Заедничкиот живот на Путин и неговата поранешна сопруга.
  • Блог: Пансловенска унија во 21 век? Дали пансловенска унија може да биде алтернатива на изневерените македонски надежи за НАТО и ЕУ? 
  • Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

    Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

    Прифати колачиња