Врубељ: раздолжување за демонизмот

Извор: Наталија Михајленко

Извор: Наталија Михајленко

Ликовниот уметник Михаил Александрович Врубељ (1856-1910), автор на ремек-делата „Демон“ и „Принцезата-Лебед“ е една од најтрагичните фигури во руското сликарство.

За него се велеше дека му продал душата на ѓаволот. Не попусто сите негови несреќи се случиле во времето кога тој го сликал својот „Демонот поразен“. Демонот на Врубељ е симбол на човекот кој сакал да полета премногу високо, во божествената сфера и бил поразен. Сликата е богоборчна, а уметникот и самиот тоа го сфаќал. Тој велел дека сака „во ова платно да ја изрази чувственоста, страста кон убавината, кон софистицираноста. Сето она за кое луѓето сметаат дека треба да биде одбиено поради христијанските идеи“. Го изразил и бил поразен. 

Тој работел по 17 часа на ден, речиси не спиел. Почнал многу да пие. Се скарал со своите пријатели-уметници. Во тоа време на Врубељ му се раѓа син. Многу добро момче. Но, имал маана, имал зајачка усна. Врубељ започнува да халуцинира. Го праќаат на лекување. А, во тоа време со неговите слики почнуваат да се случуваат чуда. Станува збор за тоа дека дел од сликите Врубељ ги сликал со бронзов прашок. Тоа било премногу убаво. Но, постепено прашокот почнал да ја менува својата боја и лицето на Демонот од прекрасно почнало да станува злобно, мрачно, стушено. Демонот го покажал своето вистинско лице. Тоа било страшно. Колекционерите и музеите не сакале да ја купат сликата. 


 Демонот седи. Фотографија од слободни извори

Со Врубељ се случила истата метаморфоза како и со неговиот демон. Интелигентниот, дружељубивиот, спокојниот човек, почнал да се претвора во демон. Неподносливо ги мачел сите околу себе. Врескал на нив, беснеел, барал да му дадат да пие. 

Но, тука не завршува несреќата. По една година умрел неговиот син. А, една година потоа Врубељ ослепел. Своето последно дело тој го насликал на допир. Светот почнал да тоне во темнина, почнал да се топи. А, во ушите почнал да се слуша глас: „Сега се раздолживме за сè!“ 

Врубељ умрел од воспаление на белите дробови. Тоа било слично на самоубиство. Тој намерно се соблекувал гол и со часови назима стоел пред отворен прозорец. Секако, се разболел. Одбивал да се бори за својот живот. Умрел во истиот тој санаториум. 

Слична судбина во речиси истите тие години ја имал и германскиот филозоф Фридрих Ниче, истиот оној што изјавил дека „Бог умрел“. Ниче, исто така, својот живот го завршил во психијатриска клиника во тешки маки. Најверојатно Врубељ ги имал читано неговите книги. Ниче бил мошне популарен меѓу руските уметнички боеми. Нихилизмот им бил близок на многумина: на поети, на музичари, на сликари. Но, малкумина од нив отишле толку далеку како Врубељ. Неговите слики се вечно споменување за тоа колку високо може човек да се искачи и колку е болно да се падне од една толкава височина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња