Руските морнари добија забрана за качување на палубата на „Мистрал“ во пристаништето Сан-Назер, пишува весникот Ouest-France.
Политичките двоумења на Франција околу предавањето на првиот носач на хеликоптери на Русија доведоа до забрана за качување на палубата на „Мистрал“.
Саркози смета дека Франција треба да ги испорача „Мистралите“
Оланд ќе го реши прашањето околу „Мистралите“ без притисок однадвор
Според податоците, во понеделникот 400 Руси добиле забрана за качување на носачот на хеликоптери „Владивосток“. За причините за забраната не дадени никакви детали.
Претходно официјалниот претставник на МНР на Франција Ромен Надал изјави дека првиот носач на хеликоптери од класата „Мистрал“ сѐ уште го носи француското знаме. Исто така, соопштено е дека во меѓународниот систем за регистрација и идентификација на пловилата се појавил брод под името „Владивосток“ со знамето на Русија, но и дека останува информацијата за истиот брод под француско знаме.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче