Владата на Финска во четвртокот ја одобри изградбата на нуклеарната централа „Ханхикиви-1“ со учество на руската корпорација „Росатом“, пренесено е на интернет-страницата на финската влада.
„За“ ова решение гласале 10 министри, а против биле 7. Сега финалното решение треба да го донесе парламентот на Финска.
Претходно финскиот премиер Александар Стуб изјави дека Финска ќе ја продолжи работата со Русија за изградба на нуклеарната централа, и покрај санкциите од ЕУ. Според неговите зборови, проектот е толку важен, што истиот не може да се меша со политика.
Нуклеарната централа ќе биде изградена со руски реактор ВВЕР-1200 од проектот АЕС-2006, а со производство на електрична енергија ќе започне во 2024 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче