Виктор Бут и Пуси Рајот – помеѓу политиката и уметноста

Извор: АР

Извор: АР

Документарниот филм „Пуси Рајот: Панк-молитва“ влезе во листата од петнаесет филмови што се номинирани за најпрестижната филмска награда Оскар во категоријата за најдобар документарен фил. A филмот „Озлогласениот господин Бут“, за еден руски трговец со оружје, беше прикажан на прочуениот филмски фестивал Санденс. Максим Поздоровкин е режисер на овие филмови за политички мотивираните пресуди.

Максим Поздоровкин уште како единаесетгодишно момче допатувал во Њујорк од Москва заедно со своето семејство. Студирал на универзитетите Корнел и Харвард. Предавал историја на филмот. Режисер е на документарните филмови „Главниот град“ (за главниот град на Казахстан, изграден среде степа), како и на „Пуси Рајот: Панк-молитва“ и на „Озлогласениот господин Бут“.

„И во Русија и на Запад погрешно е пренесен случајот Пуси Рајот“, вели Максим Поздоровкин, еден од режисерите на филмот. „Членките на групата Пуси Рајот на телевизиите во Русија беа прикажувани како хулигани кои ја мразат религијата. На Запад се велеше дека целата работа е поради тоа што тие пееле песна против Путин во главната руска црква и дека за тоа биле казнети со три години затвор. Сосема погрешно. Сакав да прикажам дека сè е всушност многу посложено“.

Депардје за најдлабокото во руската историја
Откако стана државјанин на Русија, во своето прво големо интервју, Жерар Депардје зборува за своето доживување на големото во руската земја, култура и народ.

Во филмот можеме да ги видиме родителите на девојките, кои искрено се загрижени за судбината на своите деца, адвокатите за кои гледачите добиваат впечаток дека воопшто не се грижат за своите клиенти, туку дека го повикуваат народот на барикади. Тука се и христијанските фундаменталисти кои во сево ова гледаат завера на мрачните сили и речиси сакаат од девојките да ги истераат злите сили, потоа тука е ултралибералната група на чело со Петар Верзилов, сопругот на Надежда Толоконикова. Режисерите ја чистат приказната за групата Пуси Рајот од сиве овие наслаги и гледаме дека тој настап сам по себе не носи никаква особена порака. Овој случај доби толкав одек и значење, зашто тоа го направи општеството и државата. Да немаше апсења и скандали околу судскиот процес, песната во московската катедрала ќе беше заборавена за три месеци.

Режисерите на филмот на различни начини ја оценуваат основната задача на филмот. Британскиот режисер Мајк Лернер, кој го сними филмот заедно со Поздоровкин, смета дека во него се прикажува борбата со режимот на Путин: „Ситуацијата со Пуси Рајот дава мошне детален увид во природата на сегашниот режим и злоупотребата на неговата моќ. Тажно е што постојат толку примери во кои државата ги крши човековите права на граѓаните и развива нетолеранција и неслога меѓу руските жители поради своите политички цели“. Но, Лернер признава дека тоа не е проблем само во Русија. „Како британски граѓанин, сметам дека и мојата држава би можела да биде непријател на слободата и на социјалната правда.“

„Членките на групата Пуси Рајот на телевизиите во Русија беа прикажувани како хулигани кои ја мразат религијата. На Запад се велеше дека целата работа е поради тоа што тие пееле песна против Путин во главната руска црква и дека за тоа биле казнети со три години затвор. Сосема погрешно. Сакав да прикажам дека сè е всушност многу посложено“. 

Максим Поздоровкин

Поздоровкин гледа нешто поинаква задача на филмот: „Во филмот се обидуваме да ги деконструираме масовните медиуми. Тоа за мене е мошне важно. Уверен сум дека ако правиме политички филмови, мораме да правиме филмови за масовните медиуми, зашто токму тие ја организираат нашата реалност“. 

Во исто време со филмот за групата Пуси Рајот, Поздоровкин во соавторство со американскиот режисер Тони Гербер го сними филмот „Озлогласениот господин Бут“, за трговецот со оружје Виктор Бут кој во САД е осуден со 25 години затворска казна.

И во едниот и во другиот филм се зближуваат политиката и уметноста. Тоа е како скала од уметноста кон политиката, и обратно. Поздоровкин смета дека Пуси Рајот првенствено не се пејачки, како што многумина мислат на Запад, туку се концептуални уметници. Но, уметници во таа смисла не се само членките на Пуси Рајот, туку и Виктор Бут! „Виктор рече дека сакал да биде режисер на документарен филм и дека сонувал за тоа да снима во стилот на National Geographic. И сними мошне интересни видеоматеријали. А, мојот филм, всушност, настана врз основа на видеоматеријалите (80%) кои Виктор Бут ги снимил за себе. А, на тоа се продолжува приказната за неговото апсење“. 

„Зошто сакав да на правам филм за Пуси Рајот?“, се прашува Поздоровкин. „Затоа што во нив сите видоа добар пи-ар, па затоа беа искористени во политички цели. Истата ситуација ја имавме и со Виктор Бут. Во нашиот филм еден од ликовите вели: сè е потешко и потешко да се каже нешто за Виктор Бут, а да не се падне во наједноставната опозиција на двете држави – или е злосторник, или е човек кој е наместен. А, мене не ми одговара приватизацијата на тоа дело и улогата на државата во тоа.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.