Русија ќе ѝ овозможи на Белорусија пристап до космодромот Восточни

Претходно беше соопштено дека космодромот Восточни ќе биде подготвен за работа „во услови на сурова амурска зима“.

Јуриј Макаров, началник при управата за стратешко планирање во Роскосмос, изјави дека Русија ќе ѝ овозможи на Белорусија пристап до космодромот Восточни, кој сѐ уште е во изградба, пренесува „Интерфакс“, додавајќи дека Белорусија на тој начин ќе  може да ја реализира својата вселенска програма.

„Ние сме подготвени да ги реализираме не само сопствените програми, туку и програмите на Белорусија како полноправна вселенска дражва која има своја орбитална група во вселената, како и земни средства за обезбедување на дејноста на широк спектар работи кои се остваруваат во вселената„, изјави Макаров.

Претходно беше соопштено дека космодромот Восточни ќе биде подготвен за работа „во услови на сурова амурска зима“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња