„Веселиот Роџер“. Фотографија од лична архива.
Шестиот годишен фестивал на кловнови оваа година се одржува во Екатеринбург. На фестивалот учествуваат кловнови и кловновски групи од пет земји. Тука се Бело Нок, Роб Лок, Пол Мароко и Оле + Лост Локос од САД, Лос Ревелинос од Шпанија, Франческо од Франција, „Внуците на поручникот Шмит“ и „Веселиот Роџер“ од Русија, како и многу други.
Кинезот Роб Лок не е и познат миротворец: тој многупати настапувал на места на воени дејствија, кон кои биле насочени автомати.
Александар Марчевски, директор на циркусот на чија сцена се одржува фестивалот, самиот извршил селекција на учесниците. Според него, станува збор за најдобрите од најдобрите кловнови со уникатен репертоар. Така, Бело Нок е култна фигура во Америка. Тој не е само кловн, туку и универзален уметник на циркусот: оди по јаже на голема височина без обезбедување и покажува трикови околу Статуата на слободата. Кинезот Роб Лок не е само љубимец на публиката, туку и познат миротворец: тој многупати настапувал на места на воени дејствија, кон кои биле насочени автомати, а во деведесеттите години од минатиот век го регулираше конфликтот на Балканот. Шпанците Лос Ревелинос, кловнот Франческо од Франција, Пол Мароко и ОЛЕ се ѕвезди чиј распоред е направен за пет години однапред, но поради настапот во Екатеринбург тие успеале да најдат слободна недела, зашто овој фестивал е познат во целиот свет, и многумина сакаат да настапат на него. Русите ќе го надополнат составот од оваа страна на океанот – дуетот „Внуци на поручникот Шмит“ и акробатскиот дует „Веселиот Роџер“.
Во Москва повторно е отворен Театарот на мачките на Јуриј Куклачев, а во него има и Храм на мачки во кој ќе се одржуваат предавања за добро однесување и за превенција од алергии.
Организатор на фестивалот е Анатолиј Марчевски, познат кловн од минатото, лауреат на француската награда „Серж Вебер“ за најдобар комичен актер на годината во Париз. Тој е исто така награден и со високата награда „Оскар“ на кралскиот циркус на Белгија во Брисел. Тој раководи со Екатеринбуршкиот циркус од 1994 година. Но, Марчевски нема повеќе да настапува. Сепак, тој нам во доверба ни кажа дека ќе излезе на сцената за да „се будали“ на новогодишната претстава „Волшебниот бал на Пепелашка“ (самиот тој е и автор и режисер на претставата). Но, на фестивалот на кловновите тој лично ќе ја води секоја точка. Освен странските ѕвезди, ќе настапат и млади кловнови од Екатеринбург – на тој начин тие ќе полагаат кај Марчевски испит во неговата школа за кловнови „Хахадемија“. Кловновите ќе добијат сертификат, кој ќе им овозможи да настапат на која било арена во светот. Секако, тоа нема да биде сериозно, ами на шега.
Според материјалите на изданијата Метро и Интермонитор
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче