Руски воен ансамбл на Евровизија

Извор: ИТАР-ТАСС/ Зураб Џавахадзе

Извор: ИТАР-ТАСС/ Зураб Џавахадзе

Академскиот ансамбл за песни и танци на Руската армија „А.В. Александров“ се подготвува да ја претставува Русија на Евровизија-2014 во Данска.

Неодамна познатиот ансамбл го одбележа својот јубилеј: пред 85 години тој за првпат излезе на сцена во состав од само дванаесет луѓе. Денес во составот на ансамблот има 186 лица. И тие се подготвуваат за Евровизија.

Без разлика што естетиката на Евровизија е далечна од онаа на „александровците“, Леонид Малев, раководител на колективот е уверен дека тоа нема да биде пречка на патот кон покорувањето на Европа.

Текст за композицијата веќе постои, но за да биде поинтригантно, името на авторот на текстот засега не се обелоденува.

Ансамблот често настапува во странство и е многу популарен. Во Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Србија, Франција и во други земји овој ансамбл ги полни салите. Малев не се сомнева во тоа дека доколку „александровците“ поминат на Евровизија, ќе се најде големо количество почитувачи на ансамблот, кои се подготвени да го дадат својот глас за Русија.

На репертоарот на ансамблот се наоѓаат повеќе од две илјади дела, меѓи кои и песни на советски и руски автори, народни песни и танци, духовна музика. Една од главните задачи во рамките на подготовките за натпреварот е, секако, изборот на песната. Според Малев, текст за композицијата веќе постои. Сега е потребно да се најде композитор, кој е подготвен да ги соедини стиховите со талентирана музика. За да биде поинтригантно, името на авторот на текстот засега не се обелоденува.

Беа избрани два состава: основен и резервен. Главен солист на основниот состав ќе биде Борис Дјаков, а резервен е Евгениј Булочников.

Бидејќи условите на Евровизија го ограничуваат количеството на изведувачи до шест лица, требаше да се направи избор, за да се создаде екипа која достоинствено ќе ја претстави Русија во Данска. Беа избрани два состава: основен и резервен. Главен солист на основниот состав ќе биде Борис Дјаков, а резервен е Евгениј Булочников. Заедно со солистите на сцена ќе излезат и двајца музиканти од оркестарот и три артистки од балетот. Но, на кои инструменти ќе свират музикантите останува тајна.

Првиот состав на Академскиот ансамбл за песни и танци на Руската армија „А.В. Александров“ 1928-29 година. Извор: Википедија.

Подготвени да го поддржат ансамблот не се само обичните слушатели, туку и моторџиите од мотоклубот „Ноќни волци“. Моторџиите изјавија: „Доколку заминете, ние ќе ве следиме, ќе има цела колона мотоциклисти“.

Дотогаш армискиот ансамбл го очекуваат големи настапи во странство. До крајот на годината ансамблот треба да одржи над 40 концерти во Полска, Германија, Чешка и Словачка. Во втората половина на декември музичарите ќе заминат на настап во Кина.

 

Извори:

http://www.vesti.ru/doc.html?id=1141135

http://www.metronews.ru/shou-biznes/voennyj-ansambl-mozhet-pokorit-evrovidenie/Tpomjm---LATCJuOF4I8UA/

http://rg.ru/2013/10/10/malev-site.html

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.