„Институтите Пушкин“ ве канат

Владата на Русиа ќе се создаде мрежа на центри „Институт Пушкин“ во светот. Најпрво во педесет земји. Во иднина приоритетната листа ќе биде проширена. Извор: ИТАР -ТАСС

Владата на Русиа ќе се создаде мрежа на центри „Институт Пушкин“ во светот. Најпрво во педесет земји. Во иднина приоритетната листа ќе биде проширена. Извор: ИТАР -ТАСС

Во десетици земји ширум светот ќе бидат отворени бесплатни школи за руски јазик.

Во најскоро време ќе биде формиран Совет за руски јазик, кој ќе се заземе за популаризација на рускиот јазик и култура во ЗНД, во повеќето земји од ЕУ, во САД, Кина, Јапонија и во земјите од Блискиот Исток. Вкупно на листата на приоритети има 50 држави. Главна задача на структурата ќе биде создавање на мрежа на центри, која ќе се вика „Институт Пушкин“ . Таму сите заинтересирани ќе можат да учат руски јазик и да се запознаат со руската култура и со традициите.

Наставата по руски јазик ќе се одвива врз база на веќе постоечките културни центри, а исто така ќе се отворат и нови. Во Париз веќе се бара соодветно место за таков центар .

До неодамна неколку структури - Државната дума , Россотрудничество и фондот „Рускиј мир“ – истовремено работеа и на некои други различни иницијативи за поддршка на рускиот јазик надвор границите на Русија. Сега веќе постои решение на Владата оваа активност да биде систематизирана.

Центар за развој на јазикот ќе биде Државниот институт за руски јазик „А.С. Пушкин“, кој ќе подготвува научно - методолошки материјали. Продеканот на Факултетот за обука и стажирање на странски студенти Бараудин Караџев објасни дека во последниве години интересот за рускиот јазик се зголемува и за негово изучување доаѓаат студенти од целиот свет.

Лингвистиката на работ на глобализацијата

Шефот на Центарот за проучување на елитите при Институтот за социологија на РАН Олга Криштановска е убедена дека со помош на јазикот ќе може ефикасно да се зајакнува руското влијание во странство. „Зоната на ширење на рускиот јазик отсекогаш била зона на нашето влијание. Загубата на рускојазичното население во постсоветскиот простор претставува геополитички проблем - вели социологот. - Желба за учење во центрите ќе покажат главно странци, ориентирана кон бизнисот со Русија. Освен тоа има и многу луѓе кои ја сакаат руската култура“.

Никита Мкртчјан, виш научен соработник во Институтот за демографија при Високата школа за економија, вели дека во последниве 20 години бројот на луѓето во светот кои го владеат рускиот јазик, нагло опаѓа. „Едно време тој се предаваше во целиот СССР, во земјите од Варшавскиот пакт, во многу азиски земји, во Африка. Сега кај нас пристигнуваат луѓе од поранешниот СССР и тие многу лошо зборуваат руски. Потешко е да научат возрасните отколку децата, а освен тоа вработените немаат време за учење“. Исто така, тој истакна дека овие центри ќе се развиваат во директна зависност од зголемувањето на атрактивноста на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња