Семjон Ерохин: „Со оглед дека зборот екологија вообичаено го користиме а да го опшиеме односот и заемното делување на живите организми на нивното природно опкружување, за многу од изложените дела попримерно би било да се користи изразот еколошка биоуметност, која треба да се вброи во посебна категорија на научната уметност, каде за создавање на уметничките и на научните дела уметниците ја користат биотехнологијата заснована на најсовремените достигања на генетиката, геномиката, протеомиката и на другите модерни гранки на биологијата“
На ова биенале ќе може да се видат инсталации на уметничката група Recycle и изложбите на Positive/Negative и Videonale.14 on Tour. Во рамките на заедничкиот проект на ЦДХ и Московскиот државен универзитет „Научна уметност“ изложбата „еСВЕСТ“ ќе ги претстави најновите уметничко-истражувачки проекти кои трагаат по допирната точка на науката со екологијата. Во своите дела уметниците обрнуваат внимание на општествената одговорност и на грижата за околината, така што прикажуваат широк опсег еколошки теми – од меѓусебна интеракција на живи организми и на нивните заедници, до нивната интеракција со околината. На пример, изложбата „еСВЕСТ“ на посетителите ќе им го прикаже проектот „Подвижен робот со кој управува бубашваба“ на американскиот автор Гарнет Херц и „Decon“ на Марте де Минизиш од Португалија. „Decon“ претставува репродукција на делата на Пит Мондријан, создадени во 2007 година во форма на „жива“ слика која се саморазградува за време на изложувањето. Сликата е создадена со користење биотехнолошки материјали и постапки: во определени пигменти и бои се додава бактериска култура која помага да се добие посакуваната нијанса. Потоа сликата се уништува под дејството на истата таа бактерија, Pseudomonas putida.
„Подвижниот робот со кој управува бубашваба“ е низа уметнички и експериментални инсталации во кои се користи мадагаскарската бубашваба за движење на моторот на мало возило. Машината е направена со помош на топче за пинг-понг кое бубашвабата го движи со своите нозе и на тој начин предизвикува движење на возилото.
Кустосот на изложбата, Семјон Ерохин, верува дека „еСВЕСТ“ ќе предизвика интерес кај пошироката публика, од учениците во основните училишта до професионалците 0 уметниците и научниците. „Со оглед дека зборот екологија вообичаено го користиме а да го опшиеме односот и заемното делување на живите организми на нивното природно опкружување, за многу од изложените дела попримерно би било да се користи изразот еколошка биоуметност, која треба да се вброи во посебна категорија на научната уметност, каде за создавање на уметничките и на научните дела уметниците ја користат биотехнологијата заснована на најсовремените достигања на генетиката, геномиката, протеомиката и на другите модерни гранки на биологијата“, вели Ерохин. „Можно е дека биолошката уметност ќе биде еден од правците кој ќе го диктира основниот тренд на развојот на модерната уметност во следниот век“.
Програмата на изложбата е конципирана така што посетителите секој ден ќе можат да видат интересни содржини. Повеќе информации ќе бидат објавени на 18 септември кога за во 11 часот е закажано отворањето на изложбата и уводната конференција под наслов „Естетските и етичките аспекти на синтетичките биолошки технологии во современата уметност“. На конференцијата ќе учествуваат руски и странски стручњаци – филозофи, историчари на уметноста, научници од областа на природните науки и уметници кои во практиката ја користат синтетичката биологија. Од странските учесници најавено е присуството на Гарнет Херц, Марта ди Минизиш, како и на Џејмс Аугер и Џими Луазо од Велика Британија и Хуан Кастро из Јапонија.
Џејмс Аугер и Џими Луазо ќе го претставата својот проект „Домашни роботи-месојадци наменети за забава“ каде се користат уреди кои истовремено вршат дезинсекција и служат како алтернативен извор на електрицитет. На прв поглед станува збор за обични направи, како што е ултравиолетова мамка и бактериска горивна ќелија во која колонија микроорганизми ги разложуваат остатоците од инсектите привлечени од светлината и на тој начин се создава електрицитет кој е потребен за работата на инсталираната светилка.
„
„Можно е дека биолошката уметност ќе биде еден од правците кој ќе го диктира основниот тренд на развојот на модерната уметност во следниот век“.
Семјон Ерохин
На 18 септември во 19 часот ќе се одржи работилница под наслов „За холестеролот, невроните и појавата на вештачките ќелии“ која ќе ја води Хуан М. Кастро. Овој уметник и биолог од Јапонија создава во областа во која се преплетуваат уметностите на новите медиуми, микробиологијата и биохемијата. Неговиот проект претставува визуелен приказ на биолошките процеси во реално време. Роден е во Богота, Колумбија, но моментално живее и работи во Токио, каде во 2008 година го има основано здружението „Биодинамички геометрии“ кое се занимава со експериментално проучување на органскиот живот од научна и од уметничка гледна точка. На изложбата „еСВЕСТ“ ќе биде изложена неговата интерактивна инсталација „Impulse“.
Кастро веќе ја посети Москва во април 2012 година, кога тој го покажа своето дело „Хелиотропика“. Досега тој има создадено пет инсталации. Инсталацијата со која тој доаѓа овој пат е наречена „Мастите помеѓу два света“. „Како материјали, мастите ни нудат нови сфаќања за органската материја. – изјавува Кастро. - Ние можеме да ги користиме нивните принципи и да се создадеме нови форми на архитектура и на дизајн врз основа на самособирањето и на молекуларна интеракција“. Кастро, исто така, претпоставува дека ваквите меѓународен настан како што е „Науката и уметност во Русија“ се значајни од неколку причини.. „Прво, оваа изложба сака да ги покрие релативно нова интередисциплинарна област што сè уште не е кохерентно опишана и анализирана.“ Второ, тој верува дека оваа изложба ќе развие нови концептуални и практични инструменти за иднината на интеракцијата помеѓу естетиката и науката за животот. На изложбата ќе даде јасни описи за тоа како новите биотехнологии, како нов материјал за создавање, се управуваат во однос принципите на уметноста и на дизајнот. Трето, оваа изложба ќе објасни како биолошките уметнички практики може да бидат од корист на руското општество при соочувањето со прашањата поврзани со улогата на природните науки и улогата на нова естетика во општеството.
![]() |
Извор: Press Photo |
За најмладите посетители „Работилницата за уметнички дизајн„ подготви посебни содржини кои ќе ги води Николај Селиванов. Централно место во програмата за деца ќе заземе работилницата „Животни на иднината“ чија цел е развој на творечкото мислење во областа на екологијата. На оваа изложба ќе биде претставена „Инсекти“, сложувалка која ја имаат направено деца на возраст од 6 до 8 години, потоа заедничка творба на деца од 8 до 11 години под наслов „Рибата што живееше меѓу луѓето“ и „Кожа“ колекција од дизајнерски идеи на деца од 10 до 12 години.
За жал, на изложбата нема да има дела од руски автори. Судејќи по зборовите на Ерохин, ова е уште една потврда дека развојот на трансдисциплинарните платформи на научната уметност се многу понапредни во светот, отколку во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче