Марија Архипова: врела словенска крв и гласник предците. Извор: arkona-russia.com.
Групата Аркона, која своето име го добила во чест на легендарниот град-храм во кој се наоѓало најголемото словенско светилиште на богот Световид на островот Рујна (денешен германски Руген), во моментов е веројатно најпопуларната хеви-метал група од Русија, а неодамна таа ја одбележа 10-годишнината од своето постоење.
Групата негува посебен стил – „словенски фолк-метал“ кој е популарен меѓу оние кои го сакаат „тешкиот“ звук и историските реконструкции (а, во Русија, според различни проценки, ги има помеѓу 1.5 и 3 милиони). Овој стил во себе содржи елементи на традиционалните хеви-метал стилови како што се блек, дет, симфо и дум. Сепак, во основата на мелодиите на оваа група доминираат словенските фолклорни мотиви и квалитетниот аранжман што подразбира користење традиционални словенски инструменти како што се флејтата, дудукот, кавалот, гуслата итн. За естетското доживување придонесуваат и необичните текстови со раскажувачки карактер посветени на херојските дела на старите Руси, на времето на претхристијанска Русија и на словенските богови Сварог, Перун, Дажбог, Хорс, Род и други.
Слава ти, Русијо! Велика Мајка-Земја, Русија велика! |
Навистина делува мошне впечатливо. Пејачката со златна коса и строги црти на лицето, Марија Архипова (која воедно е и лидер на групата), облечена е во педантно сошиена автентична облека од крзно и кожа со словенски и рунски орнаменти која е украсена со амајлии и со талисмани. Во своето пеење таа користи чист вокал карактеристичен за руските народни песни, окање и ламентации, како и рикање („гроулинг“) и врескање („скриминг“) кои се карактеристични за скандинавскиот етно-метал. Меѓу мрачните долгокоси младичи со гитари, кои само што не се претвориле во мечеви, девојката навистина остава силен впечаток. Групата полни концертни сали, настапува како главна група на многу фестивали, а нивните спотови на Јутјуб само на официјалниот канал на групата ги имаат видено милиони Интернет-корисници.
На прашањето од каде ја црпи инспирацијата за она што го компонира, Марија обично одговара дека не слуша никаква музика и дека не чита книги, туку дека само живее во допир со шумската природа на родниот крај. Зборовите и идеите ѝ ги шепоти генетската меморија, гласовите на далечните предци и врлата словенска крв која тече низ нејзините вени. Но, Маша сигурно се шегува: групата создава мошне квалитетен и оригинален музички производ кој убаво се вклопува во формата на европската хеви-метал сцена, а текстовите им се прилично добро стилизирани за да потсетуваат на руските епски песни и старите сказни, така што многу поклоници на нивното творештво се уверени дека групата изведува народни, а не авторски песни.
Руска реч на македонски за Вас издвојува две сосема различни композиции на оваа група. „Слава ти, Русијо“ е мелодична и певлива, потсетува на народните патриотски песни и таа е своевидна хеви-метал химна на стара Русија. „Ој, Роде, ој“ е класична хеви-метал композиција со неколку етнички мелодиски линии и инструментална интерполација. Тоа е молитва на старите Руси, упатена на богот Род.
Ој,Роде, ој! Низ седата
магла Не стана
жртва на силните води Како во
шума, шума темна Ќе се излее
светата Сурја Ој, Роде,
ој! Еј, вие
ветрови, деца на Стрибог Не се
слушаат песните До небо
погледот кон бозите го креваме |
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче