Класика на советскиот филм: „Сто дена по детството“

„Сто дена по детството“ е советска мелодрама на режисерот Сергеј Соловјов за животот на тинејџерите во еден пионерски камп. Филмот е снимен во 1975 година во филмското студио „Мосфиљм“.

Старешина на кампот е Серјожа, вајар кој решил да работи со талентирани деца кои се отидени на летување во камп недалеку од еден стар имот. Пионерот Лопухин е толку вљубен во Ерголина, со која учи во исто одделение (со оваа улога дебитираше младата Татјана Друбич, идната ѕвезда на советскиот филм од осумдесеттите години од минатиот век), што и не забележува колку во него се има загледано другарката на Ерголина, Соња Загремухина. Сите тие ја подготвуваат „Маскарада“ од Лермонтов, што, пак, им помага да ги изразат своите чувства. Самата претстава незабележливо преминува во реална драма за вистинска љубов, во возбудливо „реално шоу“ со неочекувани љубовни изјави, навреди, изливи на љубомора...

Прилично едноставната изработка на филмот е проследена со духот на времето, ова особено се должи на извонредната музика на истакнатиот советски композитор Исак Шварц. Филмот кој спонтано станата носталгична химна на советското време, денес се гледа од малку поинаков агол. Денес сме свесни дека овие симпатични момчиња и девојчиња со нивните чисти и светли чувства се всушност онаа генерација која го поднесе најголемиот товар на „перестројката“ од осумдесеттите години од минатиот век и на сите оние промени што го уништија СССР со неговиот препознатлив начин на живот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња