Серафим Саровски – омилениот светец на Русите

Императорот со семејството и со свитата на настанот. Фотографија од 1903 година.

Императорот со семејството и со свитата на настанот. Фотографија од 1903 година.

„Руска реч на македонски по повод 110-годишнината од прославувањето на Серафим Саровски како православен светец, за вас подготви опис на одбележувањето на оваа мошне важна пресвртница во историјата на православието во Русија.

Хор Православного свято-Тихоновского гуманитарного университета - Тропарь и кондак преподобному Серафиму Саровскому. Фотографии од 1903 година. Извор на фотографија: belyitzar.ru

На 1 август 1903 година се случил настан кој не престанува да ги затреперува срцата на православните луѓе. Токму тогаш се случила канонизацијата на преподобниот Серафим Саровски, 70 години по неговата смрт. Ние немаме за цел да ве запознаваме со животниот пат на овој светец, но затоа ви го пренесуваме текстот од сајтот на Московската патријаршија, во кој се опишуваат настаните што се случиле пред точно 110 години. 

На денот на раѓањето на светецот, 1 август по новиот календар, во Саровскиот манастир со голема свеченост беа откриени моштите и беа ставени во однапред приготвеното ковчеже. Овој долгоочекуван настан беше проследен со многу чудесни исцелувања на болни, кои во голем број беа дојдени во Саров. Почитуван уште за време на својот живот, преподобниот Серафим станува еден од најсаканите светци на православниот руски народ, исто како и преподобен Сергиј Радонежски. 

По неговата смрт во 1833 година сеќавањето на него внимателно беше чувано меѓу верниците. Кратко пред неговото прогласување за светец во 1903 година била најдена и напечатена „Беседата на преподобен Серафим Саровски за целта на христијанскиот живот“. Оваа беседа стана драгоцен придонес на светецот во богатството на руското свето учење. 

Последниот император:
цар-маченик или Николај Крвавиот?

Канонизацијата стана еден од најголемите и најрадосните настани. Особено беше очекувано прогласувањето за светец од страна на дивеевските сестри. Дивеевскиот архимандрит (подоцна митрополит и свештеномаченик Серафим) Чичагов напиша прекрасен „Летопис на Серафимо-Дивеевскиот манастир“, каде голем дел му е посветен на животот и на посмртните чуда на отец Серафим. „Летописот“ го прочитало Царското семејство, каде долго се чувало сеќавањето за преподобниот. И императорот Николај Втори, гледајќи ја верата народна во светоста на Серафим, го покренал прашањето за негова канонизација. 

Во 1895 година епископот тамбовски му го претстави на Светиот Синод истражувањето спроведено од посебна комисија за чудата и исцелувањата, кои се случувале по молитвите на отец Серафим за кои тој бил замолен за помош. Ова истражување било направено во 28 епархии во Европска Русија и на Сибир. 

Долгоочекуваната церемонија на канонизација на преподобниот Серафим Саровски се случила на 19 јули (1 август по новиот календар) 1903 година. На овој ден во Саров се собрале околу триста илјади луѓе. Претходно на 17 (30) јули била изведена поворка од Дивеевскиот манастир во Саровската пустина (25 километри), каде дејствувал отец Серафим. 

Во поворката имало знаменосци од разни делови на Русија. Секоја група носела скапоцени, скапи знамиња со ликови на месни светци. Дивеевските сестри ја носеле омилената икона на Серафим – иконата на Богородица „Умиление“. Нив ги следеле голем број свештенослужители. Во текот на целиот пат учесниците на поворката исполнувале свети песнопенија. Во параклисите кои се наоѓале по патот се одржувале литии. Сликата била многу величествена. 

Наспроти поворката од Дивеево се приклучила уште една поворка – саровската. Кога тие се сретнала, се обединиле во една заедничка величествена поворка, која била проследена со церемонијален ѕвон на камбаните, при што сите заедно тргнале кон Саровската пустина. 

На 17 (30) јули пристигнал и Императорот со семејството и со свитата. А, следниот ден навечер започнало Сеноќното бдение, кое има посебно значење, - тоа е првата црковна служба на која преподобниот Серафим започнал да се слави како светец. При пеењето на литијните стихирии од Успенскиот собор тргнала поворката кон црквата каде се наоѓал ковчегот на преподобниот Серафим. Ковчегот бил ставен на носилка, која ја носеле Царот, великите кнезови, митрополитот и архиереите. Поворката тргнала кон Успенскиот собор. Ковчегот бил поставен во средината на храмот. Сеноќното бдеење продолжило. Дошло време за полилеј. Почнала да се пее „Славете го Името Господово“. Сите присутни запалиле свеќи. Митрополитот, архиереите и целото свештенство направиле трикратен земен поклон. Потоа митрополитот Антониј го отворил гробот, сите присутни во црквата паднале на колена. Тоа била минута на канонизација на преподобниот Серафим. Свечено и трогателно прозвучело „Ублажаем тја преподобне отче Серафиме“. 

Валаам: химна на убавината на Северот
Со право може да се каже дека во Валаамскиот манастир православната архитектура и духовноста испеале химна во природата на рускиот Север.

Потоа митрополитот и архиереите почнале да им се поклонуваат на моштите. Понатаму се поклонило царското семејство, великите кнезови и свештенството. Следниот ден била одржана Божествена литургија. За време на литургијата светите мошти биле носени околу престолот и биле ставени во ковчежето. По завршувањето на Литургијата била спроведена празнична поворка со светите мошти околу манастирските храмови. Народот стоел како ѕид покрај патот по кој одела поворката, така што излегувајќи од храмот учесниците на поворката навистина влегувале во друг храм. 

Свечености, како овие за Серафим, не се паметат во Русија, Луѓето плачеле од радост, гледајќи како Императорот, великите кнезови на своите рамена ги носат моштите на угодникот Божји. По враќањето од поворката оние што се молеле паднале на колена и митрополитот Антониј ја прочитал молитвата на преподобниот Серафим. Службата завршила, но молебното пеење не престанувало и ноќе. Еден од современиците вака го опишува настанот: „Од разни места се слушаше пеење – разни групи верници пееја црковни песни. Бидејќи од темнината не се гледаа оние што пеат, човек можеше да помисли дека звуците доаѓаат од небото. Мина и полноќ, а пеењето не престануваше...“ 

Саровските празнувања се незаборавни денови за сите учесници, денови кои оставија неизбришлива трага во душата на народот. Според сведоштвата на очевидците, многумина тука си ја нашле верата, нашле утеха во скорбта, решение на тешките недоумици и на сомнежот во духот. 

Од тоа време веќе повеќе од еден век, преподобниот Серафим се прославува од страна на Црквата како светец, а неговите мошти дене се достапни за сенароден поклон. 

Целосниот текст на руски јазик можете да го најдете на официјалниот сајт на РПЦ МП.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња