Зошто Русите не сакаат да се поздравуваат

Извор: Fotolia / PhotoXPress.ru

Извор: Fotolia / PhotoXPress.ru

Веројатно често се обрнувале внимание на тоа како луѓето во Русија се поздравуваат чудно. Се чини дека постои цела теорија и практика на поздравување: како да се поздравите, со кого да се поздравите, и она што е најважно, - со кого да не се поздравите. На мојот кат, да кажеме, соседите никогаш не се поздравуваат.

А, сега нека ви текне како се поздравуваат луѓето на Запад. Изутрина излегувате од својата хотелска соба и го сретнувате човекот што живее до вас. Се поздравувате. Се наоѓате во лифт во кој влегуваат луѓе. Тие ве гледаат првпат (и најверојатно последен), но задолжително велат: „Morning“, „Hello“... А, минувачите кои меѓусебно си разменуваат погледи во ресторан или во парк, се поздравуваат или едноставно се насмевнуваат еден на друг. Понекогаш дури и кимнуваат со главата во знак на поздрав. Во поздравот западњаците не гледаат ништо значајно, за нив тоа е обична формалност. Во Русија оваа „церемонија“ игра многу поголема улога. 

„Тоа се карактеристики на определена култура: западните луѓе поздравот навистина го сметаат за правило. Тоа ќе му дојде како утринско миење заби. Ако го земеме рускиот менталитет, тогаш што би значел поздравот во оваа култура? Тоа е како кога некому ќе му посакаш здравје, благосостојба“, објаснува психоаналитичарот Карина Матвеева, член на Европската конфедерација на психоаналитички психотерапевти на Русија. Ова значи дека рускиот поздрав има поголема смисла и емоционална тежина, а тоа веднаш претпоставува дека не сакаш секому на улица да му посакаш среќа и здравје.

Да бидеме искрени, во Русија не сакаат да се поздравуваат. Од тоа произлегува и „малобројноста“ на насмевките, непостоењето желба да се размени поглед со некого на улица. 

Ако со поздравувањето во влезот е помалку-повеќе сè јасно, тогаш на работното место се случуваат интересни „инциденти“. Низ социјалните мрежи кружи една слика која започнува со традиционалната фраза „Оној незгоден момент“ и продолжува „кога си пружил рака, а со тебе никој не се ракува“. Судејќи според бројот на лајкови, игнорирањето е честа работа и таа човека го фрла во депресија. Тоа е своевиден социјален страв. 

Или друг случај: во ред, гледате некој човек, но не го познавате. И не знаете дали треба да го поздравите или едноставно дрско да поминете покрај него. На почетокот се правите како да не се забележувате. Потоа почнувате да се растегнувате за човекот да сфати дека сте тука, па по извесно време сакате да преминете на ритуалот на поздравување со него. Но, човекот што сте го поздравиле, не ве забележал. Или, можеби, само се прави дека не ве забележал? И потоа доаѓа до јавното безобразие: човекот ве гледа, вие кимате со главата, а тој рамнодушно го трга погледот. Но, некои луѓе што ги познавате добро (да кажеме, сте биел во исто одделение, сте си играле во детството) не сакате да ги поздравите, зашто тие ве потсетуваат на негативни нешта од минатото. А, се случува и сосема спротивното. Со еден ист колега се поздравувате по сто пати на ден и тоа веќе ви оди на нерви.

Рускиот поздрав има поголема смисла и емоционална тежина, а тоа веднаш претпоставува дека не сакаш секому на улица да му посакаш среќа и здравје.

Да бидеме искрени, во Русија не сакаат да се поздравуваат. Од тоа произлегува и „малобројноста“ на насмевките, непостоењето желба да се размени срдечен поглед со некого на улица. Русите не сакаат формално да приоѓаат дури ни во секојдневната социјална практика. Рамнодушното „Hello“ за нас е неприфатливо. Се сеќавам како еден мој добар познаник, кој е новинар по занимање, се лутеше откако се врати од службен пат во странство: „Гајле ми е што се неискрено се смеат. Барем се смеат. А, кај нас сите имаат некакви намуртени муцки!“. 

А, можеби во тој недостаток на желба за поздрав се отцртуваат нашите социјални стравови, нашиот инфантилен пристап кон стварноста во која се дружиме само со оние кои ни се допаѓаат, а ги игнорираме оние кои не ни се допаѓаат? Секако, на планот на социјалната комуникација руската заедница не е толку развиена како европската или како американската. „Зошто толку го сакам Њујорк? Зашто тука можеш да разговараш и со непознат човек“, вели една јунакиња од една холивудска серија. Во Москва, да кажеме, такви нешта се случуваат, но мошне ретко. Луѓето како да се трудат што побрзо да го поминат „социјалното поле“, да отрчаат од дома на работа, потоа до ресторан, за повторно да се вратат дома. Секако не треба да се заборави дека нашите луѓе не се чувствуваат заштитено. Но, не би било сосема правилно социопатијата да се припишува само на овој факт. „Голема улога игра и воспитувањето. Во детството постојано ни велеа дека не смееме да разговараме со непознати, а понекогаш поради тоа и строго нè казнува. Овој став што го имаме добиено од родителите, односно од луѓето кои за нас во тој период беа безусловен авторитет, не се губи со годините. По долг период растење човек едноставно заборава на него, но тој останува на несвесно ниво и понатаму создава бариера во комуникацијата“, објаснува стручњакот за социјални стравови, психотерапевтката Марија Фролова.

Порастот на среќата не само што не ја намалува агресијата, туку, напротив, ја зголемува 

Психотерапевтите моментално бележат пораст на агресијата. „Фактот дека луѓето од различни причини се сè повеќе злонамерни едни кон други се забележува на многу конгреси и на многу форуми. Тоа е феномен на еволуцијата на општеството. Иако, би рекла дека поточно се работи за деградација, зашто заради агресијата се успорува развојот на човекот и на општеството“, смета Карина Матвеева. 

Москва е град на различни стада во кој сите одат од едно место на друго во купови без глава. Во главниот град не постои единствен градски психокултурен простор, нема чувство за заедништво. Иако постојат обиди тоа да се создаде (како пример може да се наведе паркот Горки). Во најдобар случај луѓето едни со други се перципираат неутрално, но најчесто со одвај прикриена агресија. 

Можеби се чини парадоксално, но порастот на среќата не само што не ја намалува агресијата, туку, напротив, ја зголемува. Обидот внатрешното незадоволство да се надомести со натпросечна потрошувачка доведува само до нејзино зголемување. Преминувањето од духовните кон материјалните вредности нè спречува да го видиме решението на многу одделни проблеми, а тоа се огледа во начинот како секојдневно се однесуваме едни кон други.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.