Русија не смета дека нуклеарната програма на Северна Кореја е воена закана

Логвинов изјави дека нуклеарната програма на Северна Кореја има еколошки и техногени ризици по околината.

Русија не ја гледа како директна воена закана севернокорејската воена нуклеарна програма, изјави специјалниот претставник на МНР на Русија, Григориј Логвинов.

„Не ја сметаме нивната ракетно-нуклеарна програма како воена закана“, ги пренесува ТАСС зборовите на Логвинов.

Дипломатот подвлече дека руската страна има други грижи, посебно околу нераспространувањето на нуклеарното оружје и како тоа влијае на регионалните односи.

Освен тоа, тој изјави дека нуклеарната програма на Северна Кореја има еколошки и техногени ризици по околината. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња