Извор: Аристрах Лентулов.
Во 1915 година Казимир Малевич го наслика Црниот квадрат, кој стана симбол и знак на светската авангардна уметност. Ова дело влијаеше на сите уметнички правци. Концептот „направи го уметнички факт она што пред тебе никој не можел ниту да го замисли како такво нешто“ нема да го најдеме само во Писоарот на Марсел Дишан од 1917 година, туку и во музичката теорија на Арнолд Шенберг и во таинствениот молк 4:33 на американскиот контроверзен композитор Џон Кејџ. И на уште многу други места: од дадаистичкото кабаре до повоената „сиромашна уметност“(Arte Povera).
Во светски контекст руските уметници не се многу познати како сликари, но доволен е само еден Малевич за да се почувствува влијанието на руската култура врз светското сликарство. Да се потсетиме дека тие години работел и Василиј Кандински – луциден селф-мејд уметник, кој на своите речиси четириесет години го напуштил местото доцент по економија и стана еден од втемелувачите и теоретичарите на апстрактното сликарство.
Во светски контекст руските уметници не се многу познати како сликари, но доволен е само еден Малевич за да се почувствува влијанието на руската култура врз светското сликарство
Ако запрашаме добро образован странец што знае за руската култура, веројатно неговите први зборови би биле поврзани со руската класична литература од 19 век. Европеецот најверојатно ќе ги наброи романите на Толстој, Американецот книгите на Достоевски, љубителите на театарот ќе кажат нешто за наследството на Антон Чехов.
И третиот голем ексцентрик на руската авангарда, чиј талент се развил само неколку години пред револуцијата од 1917 година, совршено се вклопува во оваа низа. Архитектот Константин Мељников е признат за најдобар градител во историјата на Русија. Судбината на овој човек не е воопшто помалку зачудувачка од неговите градби. Бидејќи доаѓа од големо семејство на еден градител на улици, тој имал среќа да се вработи во компанијата на еден богат инженер. Неговиот заштитник ја забележал ретката способност на момчето, па набргу го посвоил и ги ангажирал учителите на своите деца да го подучуваат. На 15 години Мељников се запишува на водечкиот уметнички факултет во Москва, а веќе на почетокот на дваесеттите години станува познат московски архитект. Непрестајно гради сè до 1936 година, секоја негова градба-експеримент станува своевидна сензација, светот почнува да го слави, а потоа паѓа во заборав сè до својата смрт. Режимот на Сталин го прогласи за „формалист“ и му забрани да работи. До крајот на својот живот Мељников живее повлечено во чудесната куќа во центарот на Москва, која во советското време била вистински луксуз, а била дизајнирана во облик на два поврзани цилиндари и во неа ги проектира своите градби без да има можност тие да бидат реализирани во стварност.
Европеецот најверојатно ќе ги наброи романите на Толстој, Американецот книгите на Достоевски, љубителите на театарот ќе кажат нешто за наследството на Антон Чехов
Во 19 и во 20 век руската култура стана есенцијално важна за целиот свет.
Но, со генијалните сатиричари Николај Гогољ и Николај Лесков работите стојат сосема поинаку. Нивните дела се полни со уникатен национален колорит, тие се богати со сочни секидневни и психолошки детали според кои многу полесно се препознава рускиот човек. Но, овие писатели им се непознати на западњаците, нив таму ги изучуваат само професионалците-филолози. Можеби станува збор за самиот строеж на рускиот јазик со својата богата синтакса и можностите за обликување на литературни зборови. И ако нивните дела се авантуристички од гледна точка на сижето, несомнено е дека тие губат многу со преводот. На ист начин се губи и при преводот на делата на Томас Елиот и на Жан Кокто.
Но, не треба премногу да се вознемируваме за тоа дека најдобрите примери на мелодичната руска проза им се недостапни на странските читатели. Руската музика и понатаму се изведува насекаде низ светот. Балетите и оперите на Петар Илич Чајковски влегуваат во репертоарот на водечките театри од Бостон до Сиднеј, познавачите високо го ценат втемелувачот на музиката на бои Александар Скрјабин, а класично школуваните пијанисти не можат да се наречат виртуози сè дури не изведат неколку дела на Сергеј Рахманинов.
Русија има свој придонес и во подрачјето на сценографијата (сезоните на Дјагилев), потоа во актерската теорија и практика (Михаил Чехов емигрирал во САД, работел во Холивуд, па можеме да кажеме дека актерите денес работат или „според Станиславски“ или „според Чехов“), во филмската уметност (да ги споменеме само Сергеј Ејзенштејн и Андреј Тарковски). А, ако почнеме да ја разгледуваме културата во нејзината најширока смисла, тогаш можеме да споменеме дека телевизијата во старото руско гратче Муром, во самиот центар на Русија, за првпат ја измислил Американецот со руски корени Владимир Зворкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче