Проштевање со војничкиот ремен

Ременот беше вистинска советска повеќенаменска работа, универзален инструмент. Бидејќи е многу цврст и тежок, можеше да послужи и како опасно оружје во тепачка. Луѓето знаеја да го користат и како камшик или како боздоган. Извор: PhotoXPress.

Ременот беше вистинска советска повеќенаменска работа, универзален инструмент. Бидејќи е многу цврст и тежок, можеше да послужи и како опасно оружје во тепачка. Луѓето знаеја да го користат и како камшик или како боздоган. Извор: PhotoXPress.

Новиот министер за одбрана Сергеј Шојгу продолжува со реформите на руската војска. Негова последна иновација е повлекување од употреба н војничкиот ремен. Оружје, симбол на статусот, јамка, подврска и други фетишистички објекти – сето тоа заминува во историјата.

„Ременот не влегува во комплетот на новата униформа што ја одобри министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Затоа тие ќе бидат во целост повлечени од употреба. Поголемиот дел од нив ќе бидат однесени во складови, а голем дел ќе биде распродаден. Во секој случај, војниците повеќе нема да ги носат, особено не над виндјакната, таква е одлуката на министерот“, изјави за Известија извор од министерството за одбрана. 

Руската војска сега преминува на нова униформа која е во целост пресликана од Американците. Ремен затегнат над виндјакната, во овој случај, станува непотребен. Советските генерали уште во осумдесеттите, за време на војната во Авганистан, сметале дека овој предмет е сосема бескорисен. Тогаш во војската почнаа да носат панцирки преку кои беше неудобно да се носи ремен. Панцирката со голем број џебови ќе ги замени торбите прицврстени на ременот. 

Советскиот војнички ремен во неговиот денешен облик се појавил по Втората светска војна. Тоа е лента од цврста кафеава вештачка кожа (постојат и „вистински“ ремени, но поретко, и тие ретко можеле да се набават во советско време) и бронзено копче-кука со втисната ѕвезда. Ременот се носи преку војничките блузи, на него се закачувало оружјето и муницијата. Благодарение на куката ваквиот ремен можел многу бргу да се стави (да кажеме кога има тревога) или многу бргу да се симне (да кажеме, пред танц). 

Ременот беше вистинска советска повеќенаменска работа, универзален инструмент. Бидејќи е многу цврст и е прилично тежок, можеше да послужи и како опасно оружје во тепачка. Луѓето знаеја да го користат и како камшик или како боздоган.

Во ова долго и мошне слоевито видео (на руски) е прикажано како може набрзина да се симне ременот и да се зададе удар пред човек да сфати што му се случило. Во некои случаи значката со ѕвезда однатре прецизно ја налевале со олово за да ја зголемат тежината на ременот. За ова во својата збирка раскази „Ковчег“ зборува Сергеј Довлатов: „Видов бронзена значка со релјефна ѕвезда. Од внатрешната страна беше исполнета со олово. Ременот, со тој залемен дел, стануваше опасно оружје. Во тие години чекистите си купуваа кожни офицерски ремени. Тие тогаш беа во мода. Потоа во значката налеваа олово и одеа на танц. Кога ќе се случеше тепачка, значките почнуваа да светкаат над главите...“ 

Ременот беше и статусен симбол на војникот. Новиот војник мораше да има стегнат ремен до крајот. Оној што е долго во војската и што знаеше дека наскоро ќе биде пуштен од воената служба го носеше ременот разлабавен, а неговата значка се наоѓаше некаде во висината на препоните.

Ременот исто така може да се користи и како подврска за запирање крвавење, потоа како алпинистички повој,а исто така може да послужи и за уште многу други корисни работи. Општата воена обврска и варварските традиции во одгледувањето деца го направија воениот ремен да стане воспитно средство, а истовремено и еротски фетиш. Сега сето тоа полека ќе замине во историјата: најлонскиот ремен што ќе биде прифатен во војската, ни приближно не е толку харизматичен како некогашниот советски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња