Сите книги на браќата Стругацки

Илустрација: Дмитриј Дивин.

Илустрација: Дмитриј Дивин.

Во понеделникот се навршија 80 години од раѓањето на писателот на научна фантастика и сценарист Борис Стругацки. Првите томови од зборникот дела на браќата Стругацки ќе излезат годинава.

Доцнењето со печатењето на зборникот во голем степен е поврзана со тоа што роднините на Борис Стругацки сè уште не ги поседуваат правата од наследството. 

Првите томови од 30-томната библиотека на творби од Браќата Стругацки можат да бидат испечатени веќе оваа година, соопшти за РИА Новости координаторот на групата проучувачи на творештвото на браќата Стругацки и еден од редакторите на библиотеката Владимир Борисов. 

„Досега се целосно готови и преломени шест тома. Да, се надевам дека оваа година секако ќе се појават првите томови“ – изјави Борисов. Според него веќе постои договор со издавачот, чие име засега не се открива. Доцнењето со печатењето на зборникот во голем степен е поврзана со тоа што роднините на Борис Стругацки кој почина во ноември 2012 година, сè уште не ги поседуваат правата од наследството. 

„Роднините на починатиот ќе ги добијат правата што им следуваат по наследство на 19 мај, кога ќе се наврши половина година од смртта. Сега никој не може да потпишува договори во име на браќата Стругацки“ – објасни Борисов. Библиотеката ќе биде најопширното издание со творештвото на Аркадиј и Борис Стругацки и во себе ќе вклучува преписки, дневници, публицистика, а исто така и текстови кои претходно не биле печатени. 

„Ние најдовме големо количество текстови во работна варијанта, кои досега не биле издадени. Има и раскази кои не биле печатени, а исто така постои и писателската кујна – варијанти, нацрти. На пример, тие напишале глава, не им се допаднала и ја избришале. Напишале уште некое парче и целосно го преправиле. Сите тие текстови ќе бидат вклучени“ – објасни Борисов. 

Како што вели тој, зборникот ќе биде составен по хронолошки ред и ќе започне од дневниците на родителите на браќата Стругацки. Борис Стругацки учествувал во подготовката на ова издание и напишал предговор за него. 

Писателот на научна фантастика и сценарист Борис Натанович Стругацки е роден на 15 април 1933 година во Ленинград (сегашен Санкт Петербург). 

Неговиот татко, Натан Стругацки, бил кустос, библиограф, иконограф; неговата мајка Александра Литвиничева била професорка по руски јазик и литература.

За сиот период на заедничка работа Стругацки напишале околу 30 повести и романи, неколку раскази и сценарија за филмови и за театарски претстави. Делата на браќата Стругацки се преведени на 42 јазика во 33 земји на светот.

Во 1955 година Стругацки дипломирал на механичко-математичкиот факултет на Ленинградскиот (сегашен Санктпетербуршки) државен универзитет со специјалност „ѕвезден астроном“. 

Од 1954 до 1965 година работел во Пулковската опсерваторија на проблемите за настанување на двојни и мулти ѕвезди. 

Од 1957 година па во следните 30 и повеќе години Борис Стругацки пишувал научна фантастика во соавторство со својот брат Аркадиј Стругацки (1925-1991). 

Во 1959 година излезе нивното прво големо дело – фантастичната повест „Земјата на пурпурните облаци“. 

Нивни најпознати дела се: „Тешко е да се биде бог“ (1964), „Понеделникот започнува во сабота. Сказна за научните работници од помладото поколение“ (1965), „Вториот напад на марсовците“ (1967), „Грдите лебеди“ (1967), „Населен остров“ (1969), „Хотел ’Кај погинатиот алпинист‘“ (1970), „Момчето“ (1971), „Проколнатиот град“ (1972), „Пикник покрај патот“ (1972). 

За сиот период на заедничка работа Стругацки напишале околу 30 повести и романи, неколку раскази и сценарија за филмови и за театарски претстави. 

Делата на браќата Стругацки се преведени на 42 јазика во 33 земји на светот. 

Според сценарија на браќата Стругацки се снимени филмовите „Сталкер“ (1979) на Андреј Тарковски, „Хотел ’Кај погинатиот алпинист‘“ (1979) и „Волшебници“ (1982) на Константин Бомберг, „Денови на затемнувањето“ (1988) на Александар Сокуров, дилогијата „Населен остров“ (2008) и „Населен остров: Судир“ (2009) на Фјодор Бондарчук, а исто така и филмот кој сè уште не е прикажан во кината (но веќе двапати беше прикажан во недоработена варијанта) ремек-делото на Алексеј Герман „Тешко е да се биде бог“. 

Борис Стругацки почина на 19 ноември 2012 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња