На Интернет се отвори онлајн фестивалот на рускиот филм „Дубл дв@“

Кадар од филмот на Александар Прошкин „Окајување“. Извор: kinopoisk.ru.

Кадар од филмот на Александар Прошкин „Окајување“. Извор: kinopoisk.ru.

На 26 март се отвори IV онлајн фестивал „Дубл дв@“. Добрите руски филмови кои не можеа да бидат видени на јавни претстави, добиваат уште една шанса да ги најдат своите гледачи. Филмовите можат бесплатно да се гледаат на Интернет на сајтот d2.rg.ru.

На фестивалот, кој трае од 26 март до 12 април ќе има две програми – „Непознатите филмови на Русија. Се прикажуваат мајсторите“ и „Анимација, XXI“. Секој од филмовите ќе може да се гледа во тек на 48 часа во кое било време на сајтот d2.rg.ru. Во програмата на фестивалот се поместени филмови на Андреј Звјагинцев, Ала Сурикова, Карена Шахназарова, на Валериј Тодоровски и други. Филмскиот фестивал го отвори филмот „Окајување“ на Александар Прошкин: приказна за еден дочек на Новата година по војната во еден разурнат јужен град. Ова е филм за потрага по неуништените непријатели, за предавството и љубовта во светот кој штотуку започнал да се навикнува на мирот.


Некои од филмовите можеби се снимени пред неколку години, некои од нив можеби случајно и сте ги виделе во некое артхаус кино или навечер на телевизија, но тие останале невидливи за апсолутното мнозинство.

Валериј Кичин

„Ова не претставува фестивал на најновиот филм, иако на програмата има и такви. ‘Дубл дв@’ претставува втора премиера што ние ја правиме за филмовите кои не дошле до широкиот круг гледачи. Некои од нив, иако биле прикажувани во едно-две московски кина и во неколку поголеми градови во земјава, сепак не дошле до мнозинството потенцијални гледачи кои сè уште се заинтересирани за добри филмови. ‘Не сме ни знаеле дека кај нас сè уште се снимаат вакви филмови!’ е коментарот на многу и-мејлови што ги добивавме по првите три изданија на фестивалот, така што тоа е коментарот на прашањето зошто ни е потребен ‘Дубл дв@’. Потребен ни е за да им дадеме шанса на добрите руски филмови да се сретнат со своите гледачи. Некои од филмовите можеби се снимени пред неколку години, некои од нив можеби случајно и сте ги виделе во некое артхаус кино или навечер на телевизија, но тие останале невидливи за апсолутното мнозинство. Користејќи ги можностите што ни ги дава Интернетот, сакаме да ги направиме овие филмови достапни за сите“, напиша на својот блог Валериј Кичин, куратор на фестивалот, филмски критичар и колумнист на „Росијскаја газета“. 

Помеѓу старите филмови што се прикажуваат на фестивалот е и, на пример, хитот на меѓународните филмски форуми е „Прогонство“ на Андреј Звјагинцев.

Фестивалот е замислен и како систем на повратна врска, можност да им се покаже на режисерите што мислат за нив гледачите кога филмот дошол до нив. 

На програмата е и познатиот филм на Сергеј Соловјов „Ана Каренина“ кој се снимаше многу долго, а стана особено актуелен по триумфалното прикажување на „Ана Каренина“ на Џо Рајт во руските кина и по прикажувањето на верзијата на Соловјов на Првиот канал. Филмот ќе биде прикажан заедно со едно друго недамнешно ремек-дело на Сергеј Соловјов „2-Асса-2“: двата филма се снимаа истовремено и во нив играат истите актери, а врската помеѓу овие два филма не е само на формален, туку и на мистичен план. 

Гледачите ќе добијат можност да гласаат за филмот што им се допаднал – фестивалот е замислен и како систем на повратна врска, можност да им се покаже на режисерите што мислат за нив гледачите кога филмот дошол до нив. 

Филмовите се прикажуваат на руски јазик, а за „Прогонство“ и за „Ана Каренина“ ќе има и титли на англиски јазик.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња