Изложбата „Седум столови“ во Архангелск. Фото: Артјом Келарев/Росијскаја газета.
Автор на експозицијата е уметникот Александар Сверчков од Архангелск, кој со своето дело направи спој на два света – применетата уметност и музиката. Сите столови на Сверчков се музички. Како основа се земени детали на овој дел од мебелот, кои во умешните раце на мајсторот стануваат жични инструменти.
„На ѕидов виси „бандурилка“. Така си го нарекувам овој стол“, вели Александар Сверчков, минувајќи покрај експонатите. „Од една страна личи на бандура. Јас кон сите свои изработки се однесувам со хумор. Таа може да се користи по принципот на хавајската гитара. Макар што, доколку во колекцијата постои „бандурилка“, значи дека е потребна и „бас-бандурилка“. Хм, треба да се размисли...
Се обидувам музиката не само да може да се слуша, туку и да се види.
Александар Сверчков, уметник
Самиот уметник ги нарекува своите дела „скулптурни објекти со музикални аберации“.
„Освен што ги правам за на изложба, сите музички инструменти ги користиме нивните звуци и заедно, така што ги соединуваме овие паралелни светови“, вели Сверчков. „Се обидувам музиката не само да може да се слуша, туку и да се види“.
Организаторите на фестивалот ги нарекуваат своите проекти „Несериозности“. Тие ќе бидат достапни за јавноста и на 7 и на 14 април во Архангелск. Најпрво ќе биде прикажан мјузиклот „Слончето има роденден“, а потоа ќе има предавања на уметниците и концерт на виолини.
Во моментов ниту една од уметностите не може да постои изолирано, тие полека преминуваат една во друга.
Олга Клишева
раководител на Центарот за творечки индустрии
Треба да се забележи дека фестивалот „Виртуелни светови“ се развива благодарение на грантот од Советот на Министри на Северните Земји. Скандинавските колеги на себе презеле 70% од трошоците.
Според замислата на организаторите, на крајот треба да се добие долгорочен проект, без определени временски рамки, кој ќе им дозволи на многумина да творат, а исто така и да се запознаваат со авторите кои веќе имале свои изложби.
„Како конечна цел јас го гледам обединувањето на луѓе од различни правци“, вели раководителот на Центарот за творечки индустрии Олга Клишева. „Во моментов ниту една од уметностите не може да постои изолирано, тие полека преминуваат една во друга. Сега ние се обидуваме световите, кои понекогаш се чинат паралелни, да ги приближиме еден кон друг. На пример, да ги соединиме термините „творец“ и „правач“. Врз основа на овој пример се роди концепцијата на „творечките индустрии“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче