Опседнатоста со руската литература Депардје многупати ја вплоти на сцена. Со негово учество француските театри на сцената ги имаат поставено „Браќа Карамазови“ и „Идиот“. Извор: ИТАР-ТАСС.
Тој беше и, секако, остана Французин, без оглед на какви и да се даноци, социјални катаклизми или навредливи изјави од страна на функционерите. Сирано де Бержерак, Дантон, Балзак... Без тие улоги на Депардје не може да се замисли ниту францускиот филм, ниту, пак, француската култура. Тежнеењето кон Русија е, исто така, дел од таа култура.
Депардје не е воопшто банален во потрагата за одговор на прашањето од каде таква наклонетост: „Што има убаво во руската душа? Русија не е планинска земја и ветерот во неа слободно дува. Ми се чини дека оттука поттикнува тој моќен темперамент. И тоа истото е како кај мене. Јас живеам во Берија, каде што, исто така, нема планини и постојано дува ветер. По тоа сме слични. Човек мора да биде мошне силна личност за да биде Русин и со тоа да биде воодушевен“.
Во руската историја [...] имало и насилство, потоа искоренување на тоа насилство, но кога ќе ги видите балерините на Бољшој театарот, кога ќе го видите Валериј Гергиев, кога ја слушате Олга Бородина, руската опера [...] тогаш, всушност, само тоа има некакво значење. Всушност тоа е и она што е најважно и најдлабоко во руската историја.
Ви се допаѓа ли рускиот јазик?
-Да, многу!
Зборувате ли руски?
-Разбирам руски, а се надевам дека наскоро и ќе можам да зборувам. Кој сака да биде паметен и образован, тој треба да учи јазици. Знаењето јазик, всушност, е образование и интелигенција. Сѐ уште ми е интересна руската книжевност.
Како ја запознавте руската книжевност? Која ви беше првата книга?
-Достоевски. Најпрво Достоевски, потоа Толстој, па Пушкин, па Булгаков.
Колку години сте имале тогаш?
-Дваесет. И таа книжевност ме потресе до срж. И сѐ уште ме потресува.
Таа обземеност со руската книжевност Депардје многупати ја вплоти на сцена. Со негово учество француските театри на сцена ги имаат поставено „Браќа Карамазови“ и „Идиот“. Распутин и Пугачов се негови големи филмски услуги. Толстој, Булгаков и Чехов засега му се во мислите и во плановите.
-Ги обожавам младите женски ликови на Чехов. Го сакам Толстој. Толстој пишувал потресни нешта. На пример, за тоа како благородниците сакале да ги ослободат своите селани, но тие се противеле и сакале да останат под власт на богаташите. Сето тоа Европа сѐ уште не го разбира.
За жал, масите се глупави, а само личноста е прекрасна. Особено ако е бестрашна.
Зошто Европа не го разбира тоа?
-Тие не можат да сфатат дека на Русија, како и на сите земји од поранешниот СССР, ѝ беше потребен своевиден протекторат. Тоа беа земјите што често војувале [...] Ѝ беше потребна железна рака за да ги обедини сите.
И пред да го добие руското државјанство Депардје мошне внимателно ја следел внатрешната политика на современа Русија. „Руската опозиција нема програма, нема ништо. Има само паметни поединци, како што е Каспаров, но тоа е корисно само во шахот. Политиката е многу посложена работа. Неспоредливо посложена“, вели актерот.
Таква е, всушност, и руската историја, во која Депардје како човек отстрана се обидува да го согледа она што е најважно: „Во руската историја постојат различни периоди. Имало и насилство, потоа искоренување на тоа насилство, но кога ќе ги видите балерините на Бољшој театарот, кога ќе го видите Валериј Гергиев, кога ја слушате Олга Бородина, руската опера, или кога ве воодушевува Нуреев, тогаш, всушност, само тоа има некакво значење. Всушност, тоа е и она што е најважно и најдлабоко во руската историја“.
Човек мора да биде мошне силна личност за да биде Русин и со тоа да биде воодушевен.
Светската култура ја уништуваат медиумите, уверен е Депардје, Меѓутоа, сѐ уште постои шанса. Францускиот актер засега не ја прифатил понудата професионално да се занимава со тоа (во Мордовија, како што е познато, понудено му е местото министер за култура), но мошне добро ги познава состојбите во оваа сфера: „Вие ја имате руската класика. Благодарение на претседателот Путин руските цртани филмови повторно им се вратени на гледачите. Путин ја врати и колекцијата на Ростропович, која беше изнесена од Русија. Познавам многу Руси во Франција, и не само во Франција, кои се вратија во Русија, зашто на нивната душа ѝ недостасуваше оваа топлина“.
Инаку, Жерар Депардје се смета себеси за човек близок на епохата на Ренесансата. Големиот актер не крие дека му е малку незгодно во рамките на современите норми и ограничувања. Звучи чудно, но овој актер, кој има снимено стотина филмови, се чувствува како врзан кога е пред камерите.
Најексклузивниот дел од ова интервју го снимивме на камера од мобилен телефон, во кругот на блиските луѓе, далеку од сите критичари – и оние старите, француските, и овие новите, руските: „Французите сакаат да критикуваат. Да ги земеме, на пример, настаните поврзани со Пуси Рајот. Замислете тие девојки да беа отишле, да кажеме, во џамија. Тие оттаму не би излегле живи. Дури и во католичкиот свет тоа би било страшно. Но, кога ова го кажувам во Франција, ме сметаат за идиот. Да, јас паѓам од скутер, но јас сум жив човек на крајот на краиштата. За жал, масите се глупави, а само личноста е прекрасна. Особено ако е бестрашна“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче