Дмитриј Медведeв на татарскиот народен празник „Сабантуј“ во близина на Казањ, Автор: Константин Завражин. Извор: Росијскаја газета.
Изложбата на победниците на петтиот фотопроект Best of Russia-2012, на кој се претставени фотографии на професионалци и на аматери, а кои раскажуваат за една година од животот на земјата, денес беше отворена во Москва во Центарот за современа уметност „Винзавод“, изјави за РИА Новости раководителот на проектот Лина Красњанскаја.
Според неа, за пет години постоење проектот значително ја раширил својата географија, се зголемил бројот на учесниците – од 16 илјади на повеќе од 30 илјади, но правилата останаа неизменети: победниците, како и претходно, се избираат во номинациите „Настани/Секојдневен живот“, „Луѓе“, „Природа“, „Архитектура“ и „Стил“.
„Во проектот земаат учество сè поголем број луѓе кои имаат неформален пристап кон фотографијата, туку намерно сликаат сè однапред смислено и интересно. Нивото на учесниците е значително подигнато за овие пет години, се појавија повеќе професионални фотографи кои го поддржуваат проектот и тие го определуваат нивото според кое се раководат останатите“, - изјави нашата соговорничка.
На изложбата се претставени 276 фотографии и, според раководителот на проектот, понекогаш не е едноставно, особено за обичниот посетите, да разграничи кој ја направил фотографијата – аматер или профи.
„Се случува многу млади и непознати фотографи без големо искуство да фотографираат толку интересно и точно, што воопшто не се губат на фонот на познатите мајстори. Се појави поколение млади луѓе, кои снимаат силно, кои разбираат што е важно во фотографијата, а тоа не може да не радува“, - вели Краснњанскаја.
Известувањето за почетокот на натпреварот во рамките на проектот се одвиваше преку сите национални радиостаници, преку регионалниот печат и на Интернет. Претходно, во периодот кога проектот започнуваше, многу учесници ги испраќаа своите фотографии по обична пошта, а сега предност се дава на електронската, но, сепак, некои фотографи, особено постарите, како и порано ги испраќаат своите снимки во плика.
„Ова значи дека човек кој не знае да работи на компјутер и, соодветно, не може да ја обработи својата фотографија со помош на технологијата, сепак знае за проектот и го испраќа она што го има. И тоа е мошне добро – идејата на проектот е во тоа да се покаже животот во сета своја разнообразност и на таков начин таа во целост се инкарнира“, - вели раководителот на проектот Best of Russia.
Не е првпат победници на натпреварот да станат фоторепортерите на РИА Новости, меѓу кои се фоторепортерот на РИА Новости од Омск Алексеј Маљгавко, специјалните фоторепортери од Москва Илја Питалев, Владимир Федоренко и Артјом Житенев, а исто така и надворешните фоторепортери Антон Уницин од Новосибирск и Игор Русак од Санкт Петербург.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче