Роман Долги: Јас сум од оние што ја сметаат Русија за родна, своја земја. Фото: Људмила Безрукова.
Како се случи сето тоа? Петербуршкиот универзитет за култура и уметност заедно со своите колеги од сродниот универзитет во Минск замислија да организираат фестивал на кој ќе ги поканат идните предводници на народните хорови, оние кои денес се ученици и студенти на колеџи и на факултети од оваа област.
Кога за ова дознале во Могилевскиот колеџ за уметност, кој се смета за еден од најдобрите во оваа сфера во републиката, воопшто не се ни поставило прашањето дали да се оди во Северната престолнина или не...
Роман Долги бил избран како еден од најдобрите во колеџот за уметност. Солира во хорот. Ако треба може и да танцува. За неполни четири години учење научил да свири на хармоника и на пијано.
- Рома е талентиран, - вели Валентина Кондратева, заменик-директор на Могилевскиот колеџ за творечки прашања и раководител на хорот. – Со време тој може да стане одличен уметник. Веќе на трета година го забележаа раководителите на нашата градска филхармонија и го поканија да работи кај нив.
Уште наесен започнале секојдневно да имаат проби, кога всушност стана позната програмата на руско-белорускиот фестивал. Притоа, никој не им попуштал на часовите.
Подготвувајќи се за патувањето во Петербург, Валентина Иванова од хористите создала ансамбл. Во составот на овој ансамбл има две момчиња (освен Роман, тука е и Сергеј Цикунов) и шест девојки. Уште наесен започнале секојдневно да имаат проби, кога всушност стана позната програмата на руско-белорускиот фестивал. Притоа, никој не им попуштал на часовите.
Во натпреварувачкиот репертоар тие вклучија белоруски и руски народни песни, а исто така и авторски и песни на Донскиот козачки хор. Дел од подготовките биле и концертните настапи во областните градови и села, а исто така и на републичкиот натпревар во чест на белорускиот хармоникаш и композитор Георгиј Титович, чие име го носи нивниот академски хор.
Остана во памет чистотата на нивното пеење, артистичноста и, што не е за занемарување на ваквите натпревари, убавите костими во сино-бела боја со елементи на национален колорит.
Во Петербург ансамблот на Могилевскиот колеџ за уметност настапуваше во номинацијата „народно стилизирано пеење“. Нема да кажам дека предизвикаа позитивна хистерија, но могилевците на чело со Роман Долги апсолутно точно не се изгубија. Откако победија, остана во памет чистотата на нивното пеење, артистичноста и, што не е за занемарување на ваквите натпревари, убавите костими во сино-бела боја со елементи на национален колорит.
Згора на тоа и добронамерноста кон сите што им беа соперници. На сцената тие беа ривали, но надвор од неа комуницираа, си разменуваа впечатоци за фестивалот, за градот на реката Нева, се договараа за нови средби.
Проштевајќи се со Роман и со неговите другари од ансамблот, го прашавме момчето:
- Првпат ли сте во Русија или веќе сте биле тука?
- Пред Санкт Петербург сум бил само во Калининград кај едни мои далечни роднини.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче