Во 1974 Висоцки играше една од главните улоги во филмот „Оковани шофери“ („Единствен пат“), заеднички советско-југословенски проект кој ги опишува настаните од Втората светска војна на територијата на Југославија. Филмот е снимен во 1974 година во филмското студио на Титоград (СФРЈ) со учество на московскиот „Мосфилм“, а режисер на истиот е Владимир Павловиќ.
Во филмот станува збор а настаните од 23 до 25 април 1944 година на територијата на Југославија (по сè изгледа во Босна и Херцеговина). Германските тенкови и оклопните возила стојат покрај патот зашто им снемало гориво.
Песната на Солодов од филмот „Оковани шофери“ (Југославија/СССР, 1974).
Германската команда подготвува колона возила која треба да ѝ однесе гориво на моторизираната техника. Партизаните го контролираат поголемиот дел од патот по кој треба да помине колоната. Партизанските акции толку многу зачестиле, што е наивно да се очекува дека огромната колона со бензин без загуби ќе може да помине низ шумските и населени планински превои.
За колку-толку да се осигурат, хитлеровците доаѓаат на идеја да ги искористат советските заробеници како возачи. Секој возач е врзан со лисици за воланот и со синџир за својот чувар. Задачата на одредот на југословенските партизани е да ја запре колоната, но во ниту еден случај да не го загрози животот на руските заробеници... Но, и Русите и Југословените без никакви меѓусебни средби и тајни преписки дејствуваат синхронизирано. Врска без воспоставена врска, според замислата на авторот на филмот, на најдобар начин го покажува нивното заедништво. И едните и другите знаат дека нема да дозволат бензинот да стаса на фронтот, и само бараат разумно решение, го бараат единствениот пат кон победата и кон животот.
Споменикот на Владимир Висоцки во Подгорица. Извор:
paradisevilla.ru.
„Окованите руски заробеници можеа да избираат: или да се кренат во воздух себеси со бензинот или да го чекаат моментот кога ќе бидат во можност да излезат од ситуацијата како победници со минимални жртви. Да се победи и да се остане жив – зарем тоа не е потешко одошто сè да се крене во воздух? Зарем во тоа нема повеќе одважност одошто во фанатизмот? А, оние што загинаа во таа акција, загинаа заради животот, а не заради смртта“, ја прокоментира основната идеја на филмот режисерот Владимир Павловиќ.
Заедно со Висоцки, кој ја играше улогата на војникот Солодов и во филмот ја отпеа песната „На пат, живо! Или во гроб легни„“, во снимањето на филмот учествуваа многу тогашни ѕвезди на советскиот филм: Лев Дуров (Петро), Владислав Дворжецки (Холц), Глеб Стриженов (Калениќ), Ирина Мирошниченко (Гордана), а од југословенска страна тука беа Вељко Мандиќ (Коста), Душан Јаниќијевиќ (Јавор), Драгомир Гидра Бојаниќ (Зоран) и Владимир Поповиќ (Среќко).
Песната на Владимир Висоцки за словенските Спартанци,
Црногорците. Снимката и оригиналните титли се на Радио-телевизија Титоград.
Додека за време на снимањето престојувал во Црна Гора, Висоцки успеа да сними получасовна емисија за Титоградската телевизија, каде зборува за себе, за своите песни, за големите улоги на филмското платно и во театарот, ја испеа песната „Стрелање на планинското ехо“, која не влезе во конечната верзија на филмот и рецитираше стихови за Црногорците, за романтичните „словенски Спартанци“ (Мене ми е малку една да се родам,/ Да можев да пораснам од два корена.../ Штета што Црна Гора/ Не стана моја втора татковина). Во Русија снимката долго беше сметана за раритет и дури неодамна беше емитувана на рускиот канала ТВ Центар, а потоа беше повторно прикажана во Црна Гора со титли.
Прошталниот поздрав на Владимир Висоцки за
југословенските гледачи. Снимката и оригиналните титли се на Радио-телевизија
Титоград.
По Една година Висоцки повторно се враќа во Црна Гора за да гостува со својот „Театар на Таганка“. Црногорците не ја беа заборавиле симпатијата на поетот кон Црна Гора и, воопшто, кон Југослација. Во Подгорица во 2004 му беше подигнат споменик на Владимир Висоцки, дело на рускиот вајар Александар Таратинов. Тоа е единствен споменик на Висоцки надвор од границите на поранешниот СССР.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.