Пред 149 години е роден Константин Сергеевич Станиславски (1863-1938) - актер, режисер, педагог, создавач на системот на актерска уметност, која 100 години се ползува со популарност во Русија и светот. Константин Станиславксиј е прогласен за Народен артист на СССР.
Во 1898 година, Станиславски заедно со Немирович-Данченко го основал Московскиот уметнички театар. Успехот на театарот дошол после неговото запознавање со А.П. Чехов. неговите режии на театарските претстави „Вујко Вања“, „Три сестри“, “Вишновата градина“, „Чајка“ - се најдобрите остварувања на театарот.
Во почетокот на ХХ век Станиславкси почнал да работи над свој систем за актерско мајсторство. Тој ја создал науката за творештвото на артист, ги формулирал законите на однесување на артистот на сцената. Станиславкси ги напишал книгите „Работата на актерот над себе си“ и „Мојот живот во уметноста“, кои до денешен ден се популарни кај актерите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче