Во Министерството за одбрана за прв пат е уапсен висок чиновник поради злоупотреба на службата

Чиновник од висок ранг е уапсен во рамките на истрагата околу злоупотребата на службената должност во министерството во Русија.

Чиновник од висок ранг е уапсен во рамките на истрагата околу злоупотребата на службената должност во министерството. Раководителот во финансиската управа на Министерството за обрана, Николај Рјабих, се сомнева во извршени финансиски махинации со имотот на „Оборонсервис“, кој се наоѓа под контрола на Министерството.

Во моментот покренати се 10 кривични пријави за незаконска дејност во холдингот „Оборонсервис“ со крупна недвижнина, вклучувајќи воени институти, земја во Краснодарскиот крај, зградата на хотелот „Сојуз“ во Москва, комплексот складови во Одинцовскиот реон, нафтениот-транспортен комплекс и други. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња