Свештеник кој сакал да се извини на Pussy Riot добил забрана за служба

Свештеникот од Подмосковје, Дмитриј Свердлов, добил забрана за вршење црковна служба во рок од пет години.

Свештеникот од Подмосковје, Дмитриј Свердлов, кој стана познат по тоа што сакаше да се извини пред учесниците на панк-групата Pusst Riot за агресијата од страна на православните верници, добил забрана за вршење црковна служба во рок од пет години. Ова е објавено на интернет-страницата на Московската локална епархија.

Свештеникот во храмот на светите апостоли Петар и Павле во селото Павловкое (Московската област), Дмитриј Свердлов, во март 2012 изјави дека сака да ги замоли за прошка задржаните учеснички во Pussy Riot за агресијата од страна на православните верници. Неговата изјава предизвика многу дебати во руското општество. Свештеникот исто така е активен блогер, па преку својот блог често искажувал критика кон Црквата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.