Сите руски станици на Антарктикот во 2013 ќе добијат Интернет

Сите руски станици на Антарктикот во оваа сезона ќе бидат обезбедени со сателитски интернет.

Сите руски станици на Антарктикот во оваа сезона ќе бидат обезбедени со сателитски интернет. Веќе во февруари ќе се заврши неговото инсталирање во станиците Восток и Мирниј, соопшти за РИА Новости претставник на Арктичкиот и антарктичкиот научно-истражувачки институт Росгидромет.

Засега врска кон Интернет на руските станици има само за проверка на електронската пошта и за телефонијата. Видеоконференциите, слободното „сурфање“ - засега не се целосно возможни.

Што се однесува до станиците на другите држави на Антарктикот, кај сите ситуацијата е различна. На пример, во американската станица Мак-Мердо добра интернет врска има од крајот на 1990-те, благодарејќи на нискоорбиталниот систем „Аргос“. Чиле и Аргентина исто така имаат слични системи, додека Кинезите користат геостационарни системи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња