Русија прва во Европа по бројот на гледачи на HDTV

Во 2012 година бројот на руските домаќинства кои се претплатени на услугите на HDTV се зголемил од 310.000 во 2011 - до 1.460.000.

Во 2012 година бројот на руските домаќинства кои се претплатени на услугите на HDTV се зголемил од 310.000 во 2011 - до 1.460.000. Како резултат на ова, Русија го зазеде осмото место во Европа (во 2011 таа беше на 15-то). А меѓу државите од Источна Европа, само Полска има повеќе гледачи од Русија. Кон крајот на оваа година, како што прогнозира IHS Screen Digest, телевизијата со висока резолуција ќе ја гледаат 4,08 милиони руски гледачи, а кон крајот на 2014 - 7,69 милиони. Тогаш Русија ќе се најде на првото место во Источна Европа и на третото во Европа (после Франција и Велика Британија), кажуваат аналитичарите од IHS Screen Digest.

Големиот раст на корисници кои користат HDTV во Русија, според аналитичарите на IHS Screen Digest, Андреј Католо, е предизвикан од ниската цена која ја нуди најголемиот руски оператор - Националната сателитска компанија „Триколор ТВ“. Ако цените останат на ова ниво како сега, може да се смета дека бројот на корисници на HD во Русија ќе расте доста брзо.

„Триколор ТВ“ започна со комерцијална HDTV во август 2012 година. За 1.400 денари месечно гледачите можат да гледаат 25 канали со висока резолуција, и 130 канали со стандардна резолуција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња