Руската црква изрази загриженост поради полициската рација која е извршена за време на славењето Божиќ во манастирот Грачаница.
Ова случка „уште еднаш покажа длабоко непочитување на властите на непризнаената република кон религиската традиција на српското малцинство, како и отсуство на желба за почит и заштита на правото на православното население на Косово и Метохија“, кажано е во специјалниот извештај на Одделението за надворешни црковни врски на РПЦ.
Какви и да се целите на оваа полициска рација, под сомнеж се става нејзиното поклопување со славењето на големиот христијански празник во древниот манастир кој е еден од најважните духовни и културни центри на Косово и Метохија“, истакнато е во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче