Недела на православен филм во Перм по повод јубилејот на Домот на Романови

Филмот „Царска маршрута“ ќе се прикаже во Перм во вторник на неделата на православниот филм „Светлината на Божиќ“. Првиот приказ на православен филм ќе се одржи во вторник во киното „Кристалл“.

Филмот „Царска маршрута“ ќе ја отвори во Перм неделата на православниот филм, која во 2013 година ќе ја одбележи 400-годишнината на Домот на Романови, соопштуваат градските власти.

„Божиќната недела на православниот филм ќе се одржи од 15 до 19 ноември, со цел да се популаризираат христијанските духовни вредности. Во 2013 година циклусот на приказ на филмови се одвива во рамките на проектот на градската библиотека број 32 - „Династија Романови: пермски период“ како дел од 400-годишнината на Домот на Романови“, се кажува во соопштението.

На заинтересираните ќе им бидат прикажани документарни и играни филмови за претставниците на царската династија Романови. Своето присуство е најавено од пермските режисери, писатели, научници, свештеници, ученици и студенти, како и љубители на филмот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња