НАСА доби дозвола да плаќа на Русија за вселенските мисии до 2020

Претседателот на САД, Барак Обама, потпиша закон, според кој се продолжува дозволата на НАСА за соработка со русите на комерцијална основа до 2020 година.

Претседателот на САД, Барак Обама, потпиша закон, според кој се продолжува дозволата на НАСА за соработка со русите на комерцијална основа до 2020 година.

Тоа означува дека американските космонаути ќе продолжат да летаат на Меѓународната вселенска станица на руските ракети „Сојуз“. Документот кој го потпиша претседателот на САД ѝ дава дозвола на НАСА да ги плаќа услугите кои ги користи од руските партнери и после 2016 година. Имено тогаш истекува рокот  на претходниот договор потпишан меѓу Роскосмос и НАСА.

Само колку илустрација - еден лет на американските астронаути на рускиот „Сојуз“ чини 60 милиони долари. Во 2011 година американците ја прекинаа својата програма со вселенските шатлови кои го „одработија своето“. На нивно место треба да дојдат шатлови кои ќе бидат произведувани од приватни компании. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.