Најпопуларните „новогодишни“ имиња во Москва

Статистиката покажува дека најпопуларни во Москва за новогодишниот период се традиционалните руски имиња.

Најпопуларните имиња кои им се давани на младите московјани за еден месец (од 12 декември до 12 јануари) станаа Артјом и Анастасија. Ова го кажуваат податоците од демографската статистика која е објавена на интернет-страницата на владата на Москва.

Во Москва само за еден месец 241 момче го добиле името Артјом, а 250 девојчиња - името Анастасија.

Второ најпопуларно име е Максим. Тоа име го добиле 224 бебиња. Најпопуларното руско име - Александар, го добиле 212 момчиња.

Популарни меѓу родителите се исто така и женските имиња Марија (228 бебиња) и Ана (208 бебиња). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња