На Србија ѝ се потребни рубљи

Србија планира да понуди еврообврзници во рубљи во вредност од 250 милиони долари, соопшти вчера министерот за финансии на државата, Млаѓан Диниќ.

Србија планира да понуди еврообврзници во рубљи во вредност од 250 милиони долари, соопшти вчера министерот за финансии на државата, Млаѓан Диниќ.

Досега ниту една држава не понудила еврообврзници во рубљи, кажува аналитирачот на ING Bank, Егор Фјодоров. Еврообврзници досега нуделе странски банки (Rabobank и ЕБРР), а во декември за прва пат ги понуди странска компанија од нефинансискиот сектор - американската Caterpillar.

Освен милијардата која Србија ја доби од Русија, соопштува Диниќ, Србија сака да добие од меѓународниот пазар уште 2 милијарди долари преку еврообврзници, меѓу кои и тие 250 милиони долари - во рубљи. „Тоа е амбициозно, но остварливо“, пишуваат аналитичарите во Barclays. Србија во 2012 се задолжи за 1,75 милијарди долари. Сега на државата и требаат средства за рефинансирање на надворешниот долг, а во 2012 тој изнесувал околу 60% од националниот БДП. Во оваа година се очекува тој да порасне до 65%. 85%од долгот е во странска валута, и за негово сервисирање во 2013 ќе бидат потребни 5,9 милијарди долари. Средства бара и дефицитот на буџетот во Србија: во 2012 тој изнесувал 6,7% од БДП, а во 2013 година државата вети дека ќе го намали до 3,6%.

Оваа пролет Србија треба повторно да ги започне преговорите за кредит од ММФ. Без средствата од фондот може да се преживее, но ситуацијата ќе биде ризична, предупредува Barclays. Претставник од Министерството за финансии на Србија вчера не кажа дели државата ќе се откаже од помошта од ММФ, доколку успее да ги добие средствата од понудите на обврзници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња