Јубилејните случувања, посветени на 150-годишнината од раѓањето на големиот реформатор на театарската сцена, Константин Сергеевич Станиславски, ќе започнат во московскиот МУТ „Чехов“ на 17 јануари.
Истата вечер на Главната сцена на МУТ ќе се одржи премиера на театарската претстава за Станиславски - „Надвор од системот“. Сижето е базирано на материјал кој раскажува за судбината на овој театарски гениј. Оваа претстава е режирана од Кирил Серебреников според пиесата на Михаил Дурненков, која е претставена преку дијалозите на Константин Сергеевич Станиславски со неговите современици: пријателите, учениците, противниците. Според замислата на создавачите, Станиславски овде претставува „парадоксална фигура, далечна од канонските претстави“.
Веќе следниот ден во МУТ „Чехов“ ќе се одржи меѓународна конфееренција „Станиславски и светскиот театар“. Во неа ќе земат учество најголемите творци во современиот театар од Франција, САД, Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија, Бразил, Полска, Грузија, Летонија, Украина и Финска. Учесниците на јубилејната конференција со видео-конференција ќе ги поздрават Питер Брук, Робер Лепаж и Роберт Брустин.
Програмата е подготвена со поддршка од министерството за култура на Русија и Меѓународниот театарски фестивал „Чехов“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче