Амурски уметници победија на меѓународното натпреварување во правење фигури од снег и лед кој се одржа во кинескиот град Харбин.
Меѓународниот натпревар се одржа за време на новогодишните празници. Во него учествувале 48 уметници од 8 земји. Русија ја претставија тимови од Хабаровск, Владивосток, Нижниј Тагил и Блавовешченск.
На амурските уметници победата им ја донесе ледената фигура на мотоциклисти со парола “Со мотоциклизам против дрогата“. Еден од победниците е Алексеј Сидоров, по професија пожарникар. Тој работи во специјализирана пожарна единица за гасење големи пожари во Балговешченск.
Второто и третото место го зазедоа тимови од Хабаровск и Нижниј Тагил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче