Во Москва се одржа презентација на факелите на Олимписката и Параолимписката штафета за „Сочи-2014“, а исто така и на специјалната униформа за учесниците.
Олимписките и Параолимписките факели се идентични по форма и големина, но се изработени во различни бои - црвена и сина. Ќе бидат произведени 14.000 факели со за Олимпијадата и 1.000 факели за Параолимпијадата.
Еден факел тежи околу 1,8 кг, а неговата должина е 0,95 метри. Конструкцијата на факелот обезбедува сигурно и непрекинато горење на огнот во услови на силен ветар или друго непријатно време. Руските дизајнери се потрудија во неговите црти да најде место и Жар-Птицата - волшебната птица од руските народни скаски.
Огнот на Игрите во Сочи-2014, традиционално ќе биде запален во Грција. Од таму на 7 октомври 2013 ќе го доведат во Москва. Штафетата ќе опфати 2.900 населени места, 83 региона и 9 часовни зони во Русија - од Калининград до Владивосток. Огнот на ден треба да поминува околу 534 километри.
Олимписката штафета Сочи-2014 ќе стане најмасовната во историјата на олимпиското движење. Организаторите планираат 90% од населението да биде на чекор од маршрутата на штафетата. Огнот ќе оди и на Елбрус, и на Бајкаот, и на Северниот поларен круг. Се планира да се однесе огнот и на орбита во вселената.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче