Руските тенисери со променлив успех во Мелбурн

Денеска на отвореното првенство на Австралија се играа натпреварите од второто коло.

Денеска на отвореното првенство на Австралија се играа натпреварите од второто коло. Кај мажите Кузњецов загуби од Андерсон со 3:0 во сетови, а во „руската пресметка“ Јужни загуби од Донски со 2:3.

Кај дамите Шарапова беше убедлива против јапонката Дои, па на противничката не и препушти ниту еден гем во победата од 2:0, Макарова славеше со 2:0 во дуелот со Гасон, додека Первак загуби од Вотсон со 1:2. Вредна победа со 2:0 во сетови забележа и Савинјук против Цибулкова.

Утре продолжуваат дуелите од втората рунда. Кај тенисерите Николај Давиденко игра со вториот светски рекет Роџер Федерер, додека руските тенисерки ќе имаат повеќе дуели:

Марија Кириленко – Шуаи Пенг (Кина)

Светлана Кузњецова – Су Веи Шие

Елена Веснина – Варвара Лепченко (САД) и

Дариа Гаврилова – Лесиа Цуренко (Украина).

Покрај натпреварите во сингл во тек се и дуелите од второто коло кај тениските двојки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња