Изјавите на генералниот секретар на кабинетот на министри на Јапонија, Есихиде Суги, околу припадноста на јужните Курилски острови се неприфатливи, бидејќи го ставаат под сомнеж суверенитетот на Русија над оваа територија. За ова се зборува во изјавата на заменикот директор на одделот за информација и печат на МНР на Русија, Марија Захарова.
Според нејзините зборови, во Москва посветија внимание на исказите на генералниот секретар и подвлекуваат дека „барањето на решение за проблемот и мирен договор неопходно е да се направи на фонот на активното развивање на односите меѓу двете држави во сите области“, што беше потврдено од лидерите на Русија и Јапонија за време на нивниот телефонски разговор на 28 декември.
Претходно генералниот секретар во новиот кабинет на министри на Јапонија изјави дека е дојдено времето спорот околу островите да се реши и да се потпише мировен договор со Русија.
Русија и Јапонија ги оспоруваат правата на четири острови: Итуруп, Кунашир, Шикотан и Хабомаи. Враќањето на островите е услов од Токио за склучување на мир со Русија, кој сѐ уште не е потпишан после завршувањето на Втората светска војна. Позицијата на Москва е дека Јужните Курили влегле во состав на СССР после резултатите од Втората светска војна и суверенитетот над нив не може да се стави на маса.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче