„Лабораторијата Касперски“ откри меѓународна шпионска компјутерска мрежа

„Лабораторијата Касперски“ откри шпионска мрежа, чии организатори ги следат дипломатските, владините и научните организации во различни држави.

„Лабораторијата Касперски“ откри шпионска мрежа, чии организатори ги следат дипломатските, владините и научните организации во различни држави, се кажува во соопштението на компанијата. Мрежата доби свое име „Црвениот октомври“. Најверојатно е дека нејзини автори се програмери од Русија, за што сведочат руските зборови и жаргонизми во текстот на вирусните модули.

Во октомври 2012 експертите во „Лабораторијата Касперски“ почнаа истрага за откривање на серија напади на компјутерските мрежи на меѓународните дипломатски претставништва. Во процесот на изучување на тие инциденти, специјалистите открија огромна сајбер-шпионска мрежа. Според заклучоците до кои дојдоа специјалистите, операцијата „Црвениот октомври“ започнала уште во 2007 година и сѐ уште трае.

За пет години напаѓачите заразиле околу триста компјутери и мобилни уреди и украле стотици терабајти информации, користејќи 60 доменски имиња, пресметаа аналитирачите во лабораторијата. Според нивните податоци, домените се складирале на споредни сервери кои најчесто имале руски и германски IP адреси. Каде се наоѓа главниот сервер - не е познато. Хакерите не ги интересирале само чиновниците и дипломатите: има заразени компјутери и во трговските, воените, научните организации, компаниите во нуклеарната, нафтената и аерокосмичката сфера.

„Лабораторијата Касперски“ е меѓународна група компании со седиште во Москва. Компанијата се занимава со развивање на системи за заштита од компјутерски вируси, спам и хакерски напади. Според профитот, компанијата влегува во петте најголеми светски создавачи на програми за заштита на информациите. Компанијата е основана на 26 јуни 1997 година од мала група истомисленици, на чие чело стои Евгениј Касперски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња