Руските компании „Гаспром“ и „Синтез“ останаа единствените претенденти за купување на грчката национална компанија за гас - DEPA. И покрај негодувањата на САД и ЕУ, кои се плашат дека Русија ќе ја направи Грција своја „заложничка“, Атина може да го прифати предлогот, бидејќи од друга страна врз државата вршат притисок кредиторите на чело со Еврокомисијата, Европската централна банка и ММФ. Грчките чиновници пресметаа дека од продажбата ќе добијат 1,5 милијарди евра.
Рускиот гигант „Гаспром“ и групата „Синтез“ - се основни претенденти за купување на грчката компанија DEPA. Според зборовите на шефот на „Синтез“, Андреј Королев, Грција може да стане центар за транспорт на гас во Европа. Приватизацијата на DEPA тој ја нарекува „можност да се излезе на грчкиот пазар за релативно мала цена поради кризата“.
Продажбата на DEPA - е клучна зделка во двегодишната програма за приватизација од 15 милијарди евра, која треба да го намали дефицитот на буџетот на Грција на 7% од БДП. Сепак, освен руските играчи, многу малку меѓународни инвеститори се заинтересирани за купување на активата. Отсуството во списокот на европски, јапонски и кинески компании ги засилуваат сомнежите на аналитичарите околу реализацијата на ова сценарио. Според денешната состојба, со руските компании се натпреваруваат неколку грчки и една азербејџанска компанија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче