Дмитриј Медведев, кој вчера беше во работна посета во Новиј Уренгој, учествуваше во церемонијата на отворање на ново наоѓалиште на гас - еден од најголемите според резервите. Во овој регион се добива 1/5 од целиот гас во Русија.
На местото на наоѓалиштето, кое се наоѓа на повеќе од 200 километри од Новиј Уренгој, започна користењето на нова станица за експлоатација на гас и уште една компресорска станица. Поларниот круг во Русија е место каде експлоатацијата на гас достигна рекорд - 130 милијарди кубни метри годишно. Проектот за „освојување“ на можностите на оваа територија е прогласен за најплодоносен во овој век за рускиот енергетски сектор. Искуството во разработката ќе се искористи и за разработка на други места во Јамал каде е откриен гас, вклучувајќи го и морското дно.
Во втората половина на денот, како што се очекува, премиерот ќе одржи состанок за перспективите на освојување на нови места со ресурси во државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче