Времеплов: на денешен ден во историјата на Русија

Александар Грибоедов

На 15 јануари 1795 година е роден Александар Грибоедов (убиен е на 11 февруари 1829 година), руски драматург, поет, пијанист, композитор и дипломат. Создавач е на бесмртната комедија „Од многу ум“ (1824).

Комедијата во целост била испечатена во странство во 1858 година, а дури во 1862 година - во Русија. Оваа комедија и денеска е богат извор на цитати кои се користат во Русија во секојдневниот говор.

Интересен факт е тоа што тој уште на 6 години зборувал на 3 јазика. Слободно се служел со францускиот, англискиот, германскиот и италијанскиот, но разбирал и латински и древногрчки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња